Најбрзото време на денот го забележа Чарлс Леклер, повторно со најмеката смеша на Пирели, и повторно веднаш зад него со минимално заостанување беше Макс Ферстапен. Неговото време беше забележано на жолтите гуми, бидејќи кога Леклер го оштети својот болид, го уништи и брзиот круг на Холанѓанецот на црвените гуми.
На крајот од првата тренинг сесија, единаесет километри од патеката, имаше ракетен напад на јеменските бунтовници кои уништија складиште за нафта на Арамко. Се појави густ облак од чад, а помеѓу двете сесии Формула 1 чекаше официјална информација од властите дали е безбедно да се продолжи тркачкиот викенд.
Шефот на Формула 1, Стефано Доменикали и претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулејем ги собраа лидерите на тимовите и возачите. Поради овој брифинг почетокот на тренингот беше одложен за петнаесетина минути. Во 22 часот по локално време, (20:00 МК) ќе има уште еден брифинг, но Формула 1 и организаторите уверуваат дека се ќе одвива според планот.
Втората тренинг сесија е најважна во Џеда, затоа што се одржува во исто време со стартот на квалификациите во сабота и неделната трка. Возачите првично работеа на квалификациски стинотви, а потоа на тркачкото темпо и издржливоста на Пирели гумите.
Квалификациите за Формула 2 беа трипати прекинувани поради инциденти. За среќа, никој од возачите не беше сериозно повреден, но патеката во Џеда уште еднаш потсети дека не простува грешки.
Механичарите на Хаас Ф1 го поправија болидот на Кевин Магнусен откако тој ја загуби хидрауликата на првиот тренинг, но и за време на вториот Данецот мораше во својата гаража пораси истиот проблем.
Луис Хамилтон изгуби малку време во својата гаража додека тимот го менуваше неговото седиште со повисоко, затоа што тој се пожали на слабата видливост од кок-питот.
Иако беа едни од најбрзите на патеката, возачите на Ферари како да немаа целосна доверба во своите болиди, па двајцата по допир со бариерите покрај патеката ја оштетија предната амортизација, по што ја завршија сесијата пред предвиденото.
По завршувањето на сесијата, ПЕ во болидот на Јуки Цунода се исклучи и тој мораше да го пркира болидот на АлфаТаури покрај патеката.
ФЕРАРИ СО НАЈБРЗОТО ВРЕМЕ НА ДЕНОТ
3/25/2022 07:48:00 PM
0
Share to other apps