Првиот тренинг за Големата Награда на Бахреин не е многу важен, сесијата се одржува во текот на денот, а квалификациите и трката по зајдисонце.
Како и минатата година, патеката Сакир ја отвори новата сезона, па Т1 може да кажеме дека беше продолжение на пред сезонските тестови, кои се одвиваа на истата оваа патека пред шест дена.
Состојбата на асфалтот на почетокот на сесијата не беше најдобра, но намаленото времетраење на тренинг сесиите, ги натера скоро сите веднаш да излезат на патеката.
Секој возач и оваа година не може да бира, добива осум комплети црвени, три сета жолти и два сета бели гуми за викендот.
Пјер Гасли го забележа најбрзото време, пред возачите на Ферари, Леклер на второ и Карлос Саинц на трето место на табелата.
Како што напоменавме оваа сесија не може да биде премногу релевантна, па од Т2 очекуваме да ни открие повеќе податоци за тековниот распоред на силите.
Стартува во 16:00 часот по македонско време, со пренос на Спортклуб ХД и секако Online стримови во Вајбер групата.
Себастијан Ветел, непосредно пред почетокот на викендот, излезе позитивен на коронавирусот, па како негова замена во тимот на Астон Мартин беше повикан Нико Хулкенберг.
Пред денешниот настап, тој го нема возено 2022 болидот, дури ни во симулатор, не е запознаен со 18-инчните гуми на Пирели и буквално го започна викендот од нула.
Не беше толку тешко, но ниту лесно за Кевин Магнусен, кој го замени Никита Мазепин во Хас непосредно пред почетокот на сезоната, а Данецот возеше само на втората тест сесија во Бахреин, но и тука имаше многу малку комплетирани кругови.
Повеќето од тимовите донесоа новитети, а првиот тренинг служеше за оценка на нивната ефикасност. Како и на тест сесиите, болидите на многу тимови имаа силни вертикални осцилации, проблем кој од "петни жили" се обидуваат да го решат.
Тоа јасно влијае на брзината, затоа што треба да се жртвува висината на амортизацијата и потисната сила.
Проблемите за Алфа Ромео продолжија, па Валтери Ботас не успеа да извозе нити еден целосен круг и мораше да се врати во својата гаража поради проблеми со палењето.
Во осмата минута од сесијата се појавија црвени знамиња, откако болидот на Естебан Окон изгуби дел од новата верзија на страничните отвори на А522. Остатоците беа разсфлани насекаде по асфалтот. Паузата за нивно расчистување траеше повеќе од десет минути.
Извртувања на патеката за Џорџ Расел и Чарл Леклер, но без проблеми по нивните болиди.
БОЛИДОТ НА АЛФАТАУРИ НАЈБРЗ НА ПРВИОТ ТРЕНИНГ
3/18/2022 02:24:00 PM
0
Share to other apps