Вториот тренинг во Бахреин е најкорисен. Започнува по зајдисонце, кога жештините на денот стивнуваат и тоа е времето кога започнуваат квалификациите и неделната трка.
Но, овој викенд Сахир е постуден и преку ден, и тоа за повеќе степени во споредба со неодамнешната тест сесија, што им помогна на тимовите кои имаа проблеми со ладењето за време на тестовите.
Тркачката линија постепено се "гумира" на сметка на песокот, па со тоа грипот се подобрува, па возачите беа далеку побрзи од првата тренинг сесија.
Валтери Ботас го загуби првиот тренинг, поради проблеми со палењето, но до почетокот на вечерта тимот беше подготвен. Мерцедес АМГ ја менуваше конфигурацијата на болидот на Хамилтон помеѓу сесиите, Луис се врати на претходната верзија на подот, но вертикалните осцилации на W13 повторно беа доста забележливи на правците.
Инженерите на Мерцедес АМГ засега немаат решение за овој проблем. Даниел Рикиардо не учествуваше на тестовите во Бахреин поради коронавирусот, а вториот тренинг беше принуден да го заврши предвреме поради истекување на течноста за ладење.
Откако ја започнаа сесијата на жолтите, возачите подоцна се префрлија на црвените гуми во серии на кратки стинови, што овозможи да се процени можното усогласување на силите за утрешните квалификации, а потоа повторно возеа долги стинтови, проценувајќи го абењето и ефикасноста на гумите на Пирели.
Макс Ферстапен го забележа најбрзото време на денот, кое беше речиси три секунди од неговото време за Пол позиција од мината година. Непосредно зад него беше Чарлс Леклер, со заостанување од само 9 стотинки.
Третото најбрзо време го забележа Карлос Саинц Јр., но со далеку послабо темпо од својот Ферари тимски колега, и непосредно пред Џорџ Расел со Мерцедес АМГ.
По вториот тренинг, стјуардите ги повикаа Ленс Строл и Јуки Цунода. Се анализираат два инцидента што се случија во осмиот свиок, еден кога Чарлс Леклер и Јуки Цунода имаа блиска средба, и вториот, повторно со учество на Јуки Цунода со Ленс Строл.
Водечкиот тим по првиот тренинг на вториот можеше само до 13-тата позиција. АТ03 работеше совршено при потопло време, но со намалување на температурата опаѓаше и брзината на АлфаТаури. Ова е уште еден показател дека тимските инженери имаат долг пат за да го разберат однесувањето на новите 2022 болиди.
UPDATE: Стјуардите беа експедитивни, па брзо го решија инцидентите кога Јуки Цунода го блокираше Чарлс Леклер во осмиот свиок, и блокирањето на Јуки Цунода од страна на Ленс Строл со ОПОМЕНА за Јапонецот и Канаѓанецот. По пет опомени, возачот добива казна со губење на десет места на стартот.
РЕД БУЛ И ФЕРАРИ ВО БОРБА ЗА ПОЛ ПОЗИЦИЈА?!?
3/18/2022 06:01:00 PM
0
Share to other apps