Чарлс Леклер е сензационален Победник на Големата Награда на Бахреин, забележувајќи ја својата трета победа во кариерата.
Карлос Саинц Јр. заврши втор, помагајќи му на тимот на Ферари да ја освои 85-та двојна победа во нивната историја, прва од 2019 Сингапур ГП-то.
На третото скалило на подиумот се искачи Луис Хамилтон.
Гуанју Џоу заврши десетти, забележувајќи поени во неговата прва Ф1 трка во кариерата.
Во потрага по спектакл, со доаѓањето на Либерти Медиа, Формула 1 разви нова регулатива со цел да се олесни претекнувањето со тоа што ќе им овозможи на возачите поблиску да ги бркаат ривалите без значителна загуба на потисната сила.
Аеродинамика беше поедноставена, а по долгорочна забрана, "ground" ефектот се врати во Формула 1 со префрлање на болидите на гуми од 18 инчи. Сето ова беше планирано за 2021 година, но беше одложено за една година поради тековната пандемија.
Повеќето тимови ја жртвуваа минатата сезона, за да се посветат на новите 2022 болиди. Многумина мислеа дека во услови на строги ограничувања на аеродинамиката, болидите ќе изгледаат многу слично, но инженерите на тимовите беа инвентивни и најдоа различни толкувања на прописите.
Ваквите сериозни промени не можеа а да не влијаат на односот на силите, што беше потврдено со квалификациите. Ферари и Ред Бул се бореа за Пол позиција, во решавачкиот момент Чарлс Леклер беше побрз, Макс Ферстапен загуби за нешто повеќе од десетинка, раздвојувајќи ги возачите на Ферари.
Најдобар резултат на Мерцедес АМГ беше петтото место на Луис Хамилтон, кој заостануваше речиси седум десетинки. Изненадување беше појавувањето во најбрзите десет на Кевин Магнусен со болидот на Хас и Валтери Ботас со болдиот на Алфа Ромео.
Астон Мартин сметаше на сериозен напредок со промената на прописите, но и двајцата возачи отпаднаа во првиот сегмент од квалификациите. На тимот повторно му требаше замена поради коронавирусот. Нико Хулкенберг, кој пропушти сезона и половина, седна зад воланот на болидот на болниот Фетел, и, веднаш го надмина Ленс Строл во квалификациите.
Даниел Рикиардо исто така се зарази со коронавирусот, поради што ја пропушти втората тест сесија, а за време на викендот го загуби и вториот тренинг поради проблеми со болидот.
Чарлс Леклер и Макс Ферстапен стартуваа од првиот ред, Саинц Јр. и Перез од вториот, Хамилтон и Ботас од третиот. Новата регулатива им даде слобода на возачите да ги изберат гумите со кои ќе ја стартуваат трката. Норис и Рикиардо ги одбраа жолтите, а сите останати возачи за црвените гуми на Пирели.
На стартот немаше никакви инциденти. Леклер го задржа водството по првиот свиок, Хамилтон и Магнусен го претекнаа Перез, а Валтери Ботас имаше очаен старт и од 6-тата стартна позиција се најде на 14-тото место по првиот круг.
Даниел Рикиардо беше последен. Единствен инцидент имавме кога Естебан Окон го допре болидот на Шумахер, по што германецот се изврте на патеката. Французинот зароаботи казна од пет секунди за предисзвикување судир.
Во третиот круг Кевин Магнусен ги блокираше тркалата при сопирање, што му овозмоќи на Серџо Перез да нападне и по неколку свиоци да го претекне Данецот.
Два круга подоцна тој беше престигнат за шестото место од Мерцедесот на Џорџ Расел. Валтери Ботас кој по лошиот старт имаше задача да се пробива низ поредокот, но до 8-от круг успеа да се искачи само до 12-тото место.
Во 10-от круг, Серџо Перез го претекна Луис Хамилтон и се искачи на четвртото место. Топ десет поредокот во тие моменти беше, Леклер, Ферстапен, Саинц Јр., Перез, Хамилтон, Расел, Магнусен, Гасли, Окон, Алонсо.
Прв во бокс, веќе во 13-от круг, се упати Луис Хамилтон, кога почетните црвени гуми ги промени со бели, најтврдата смеша на Пирели, и имаше големи проблеми да ги загрее.
Два круга подоцна за промена на гуми се решија и Макс Ферстапен, Саинц, Магнусен, Гасли, Окон, Ботас и Латифи, а круг подоцна од својот ривал и Чарлс Леклер, Перез, Расел.
Во 17-от круг, Макс Ферстапен го нападна и го престигна Чарлс Леклер на стартниот правец, но Моначанецот веднаш возврати во втората ДРС-зона и си го врати првото место. Веќе следниот круг имавме реприза на главниот правец, каде Холанѓанецот го претекнува Леклер, но Ферарито успеваше да возврати.
Трет круг последователно Макс се обидуваше да претекне на стартно-целната рамнина, но при овој обид Макс ги блокираше предните тркала, па иако кратко изби на првото место, мораше да се откаже од понатамошни обиди поради прегревање на сопирачките.
Во 32-от круг Ферстапен беше повикан во бокс по нови гуми, што веднаш беше проследено од лидерот во трката Чарлс Леклер, враќајќи се на патеката на третото место две секунди пред Холанѓанецот. Кога во бокс се упатија и Карлос Саинц Јр. и Серџо Перез, Леклер повторно ја предводеше трката.
Макс го зголеми темпото, обидувајќи се да влезе во ДРС зоната зад Ферарито, возејќи ги најбрзите кругови во трката, но Чарлс успеа да го следи неговото темпо и постепено започна да се одделува.
Топ десет поредокот во 41-от круг беше, Леклер, Ферстапен, Саинц Јр., Перез, Хамилтон, Расел, Магнусен, Гасли, Окон, Алонсо.
Иако Пирели ги номинираше своите најтврди смеши, тие беа подложни на зголемена деградација, па во 4-от круг Макс Ферстапен го започна третиот круг на пит-стопови. Но, во тие моменти откажа електорниката и се запали задниот дел на болидот на Пјер Гасли, кој мораше да се паркира покрај патеката.
На патеката излезе безбедносниот автомобил, а поредокот зад него беше Леклер, Ферстапен, Саинц Јр., Перез, Хамилтон, Расел, Магнусен, Ботас, Окон, Шумахер. Рестартот беше најавен за 50-от кру, кога Леклер го задржа водството, а неговиот тимски колега го нападна Ферстапен, но Макс го одбрани второто место. Немаше промени во првите десет болиди.
Во 54-от круг Саинц го престигна Ферстапен за второто место, а Холанѓанецот кој и претходно по тимското радио најави дека нешто не е во ред со неговиот болид, мораше значително да забави и ја немаше потребната брзина. По тимското радио му беше кажано да се упати во својата гаража.
Два круга подоцна истиот проблем започна да се јавува и кај вториот болид на Ред Бул, и во претпоследниот круг Серџо Перез се изврте на влез во првиот свиок, бранејќи се од нападите на Луис Хамилтон кој беше залепен зад него.
Три болиди на погон на Хонда ПЕ (со логото на Ред Бул) не ја завршија првата трка од новата 2022 сезона. За возачите на Ред Бул, причината беа проблемите со пумпата за гориво, која што не пумпала гориво до моторот кога резервоарите беа речиси празни.
ФЕРАРИ СО ДВОЈНА ПОБЕДА ПО КРАХОТ НА РЕД БУЛ
3/20/2022 06:53:00 PM
0
Share to other apps