Првите трки од 2022 сезоната овозможија да се процени распоредот на силите и да се издвојат два фаворити, Ред Бул и Ферари. До кога тоа ќе биде така зависи од напредокот на останатите тимови, особено Мерцедес АМГ, тим кој се соочува со проблеми.
Консултантот на тимот од Милтон Кејнс, Хелмут Марко, веќе го спореди новото ривалството со она на Мерцедес АМГ, изразувајќи надеж дека борбата помеѓу Ред Бул и Ферари ќе биде "поспортска".
"Ние со Ферари имаме ново ривалство. Во моментов Мерцедес АМГ заостанува барем половина секунда, но којзнае можеби брзо ќе ги решат проблемите. Сепак, не спиеме и ние, тимот работи напорно, го надградува болидот. Мислам дека е подобро да се бориме со Чарлс Леклер и Ферари отколку со Мерцедес АМГ. Оваа битка е пофер."
"Знам дека изминаа само две трки, но мислам дека односите меѓу нашите тимови нема да станат тензични како што тоа беше со Мерцедес АМГ."
Инженерите на Ред Бул подготвуваат значајни надградби на болидот за четвртата трка од сезоната, кој ќе се одржи во Имола на 24 април. Тие се надеваат дека новите делови ќе им овозможат да дојдат до предност во борбата против Ферари.
"Ферари е брз во сите услови, без разлика на температурата на патеката или составот на гумите. Нашиот болид е потежок за подесување, но за Имола подготвуваме нови делови, кои ќе ја намалат тежината на RB18."
"Тоа треба да обезбеди значителна добивка во времињата по круг. Тимот е во добра форма, но тимот на Ферари е речиси рамноправен противник. Чарлс Леклер вози беспрекорно, па ни претстои возбудлива година."
"Мислам дека односот на силите во Мелбурн ќе биде ист како во Џеда. Предноста ќе ја има тој што подобро го "наштелува" болидот. Порано патеката ни одговараше, но сега ќе биде тешко. Веројатно повторно ќе имаме возбудлива трка."
ХЕЛМУТ МАРКО: ФЕРАРИ НЕ E ПОДМОЛЕН ТИМ КАКО МЕРЦЕДЕС АМГ
3/28/2022 07:20:00 PM
0
Tags
Share to other apps