Алан Перман, спортскиот директор на Алпин, ја откри вистината за потенцијалниот "магичeн" круг што Фернандо Алонсо беше на пат да го направи во Q3 од квалификациите за Австралиското Гран При.
Двократниот Ф1 шампион уште еднаш го воодушеви светот со една од своите одлични перформанси, но доверливоста на болидот уште еднаш го "зафркна" и Шпанецот мораше да се задоволи со старт од десеттата позиција.
Причината банална, гумица за семеринг, кој чини нешто повеќе од 100 денари. Да, еден од оние мали делови во Ф1 болидите кои што речиси не вредат ништо, но имаат моќ да "саботираат" одличeн пласман.
Повеќето аналитичари, фанови, се прашуваат каде можеше да се пласира Фернандо Алонсо ако го комплетираше тој брз круг.
"Кругот најверојатно ќе беше во рамки на 1:18.300. Не знам каде ќе не ставeше во поредокот, но имавме уште еден брз круг на нов сет црвени гуми. На него ќе можевме да се подобриме барем за уште една десетинка или можеби десетинка и пол, што значи 1:18.150 или 1:18.200, нешто слично."
"Немаше да забележиме Пол позиција, туку прв стартен ред, можеби втор... Кој знае. Знаејќи дека Чарлс Леклер забележа време 1:17.868, Фернандо очигледно не беше во позиција да се бори за врвот. Но, ако ги погледнеме најдобрите времиња на Макс 1:18.154 и Перез, 1:18.240, точно е дека можеше да биде во борба со возачите на Ред Бул."
"Мора да го земете предвид подобрувањето на патеката. Леклер во својот прв брз круг од Q3 сесијата забележа време од 1:18.239, а времињата на Ред Бул беа во близина на 1:18.4. Во вториот брз круг, Леклер се подобри за 0.371 делови од секундата, а Ферстапен за 0.245."
"Ако Фернандо требаше да забележи 1:18.3, во првиот брз круг тој веројатно ќе беше пред болидите на Ред Бул. При второто излегување на патеката, мислам дека ќе можеше да се подобри за околу десетинка и пол, половина од подобрувањето на Чарлс или Макс. 1:18.1 не беше утопија... и тоа ќе вредеше втора стартна позиција."
Во најлош случај во тимот на Алпин веруваат дека тој ќе се пласираше на третата или четвртата стартна позиција во Австралија. Фернандо Алонсо за кој некои се уште се сомневаат поради неговата возраст, Перман уверува дека тој е на највисоко можно ниво. Во Имола ќе имаат уште една можност да се покажат и докажат.
Алпин има за цел Победи на трките. Французите веруваат во А522 и ќе вложуваат во неговиот развој речиси на секоја трка. Поради оваа причина, Алан Перман потврди дека наместо да ја чекаат трката во Мајами, ќе донесат нов паркет надградби веќе во Имола. Но, надградбите ќе бидат достапни за само еден болид.
"Ќе имаме поголема надградба во Имола, за каде е подготвен нов под. Мислам дека во моментов тој ќе биде достапен само за еден болид. Беше планиран за Мајами, но успеавме да го подготвиме за Имола."
"Формулата за надградба на еден болид има свои предности и недостатоци. Кој и да е возачот што ќе го добие, ако има инцидент и го оштети делот нема да можеме да собереме доволно податоци."
"Позитивниот дел е што ќе можеме директно да споредуваме меѓу новиот и стариот дел, како и да потврдиме дека податоците на патеката се во согласност со оние од воздушниот тунел. Алпин сака максимално да учествува во развојната битка, која само што започна."
ГУМИЧКА ОД 100 ДЕНАРИ ГО УНИШТИ МАГИЧНИОТ КРУГ НА ФЕРНАНДО
4/13/2022 11:58:00 PM
0
Share to other apps