Во Лондон се одржа состанок на Колмисијата за Формула 1 со која претседаваше претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулајем, и на кој се разговараше за голем број важни прашања поврзани со иднината на врвниот мотоспорт.
СПРИНТ
По позитивните реакции по првиот викенд со саботен спринт на патеката во Имола, Формула 1 и тимовите ја поддржаа идејата за одржување на шест спринт викенди во 2023 сезоната, кои ќе се одвиваат по истиот формат како во 2022 година. ФИА ќе продолжи да го оценува влијанието на овој предлог врз логистиката и персоналот, и подоцна ќе ги достави своите повратни информации до Комисијата за Формула 1.
ПОГОНСКА ЕДИНИЦА ЗА 2026 ГОДИНА
Клучните цели за развој на следната генерација на Ф1 погонски единици, кои треба да бидат претставени во 2026 година, се формулирани порано и се засноваат на четири принципи:
1. Зачувување на спектаклот. ПЕ за 2026 година треба да бидат со слична моќност на тековните и да се базираат на V6 мотор со внатрешно согорување со високи вртежи без голема разлика во моќноста меѓу производителите.
2. Еколошка одржливост. ПЕ за 2026 година треба да користи 50% електричната енергија и целосно да работи на еколошко гориво.
3. Финансиска стабилност. Продолжува работата за дефинирање и консолидирање на финансиските правила во врска со ПЕ, со што ќе се намалат трошоците на учесниците, додека се одржува напредното технолошко ниво на Формула 1.
4. Способност да се привлечат нови производители на ПЕ кои би можеле веднаш да се натпреваруваат на конкурентно ниво.
Продолжува развојот на регулативата за погонските единици кои ќе се појават во Формула 1 во 2026 година. ФИА покрена голем број клучни прашања за перформансите, одржливоста и финансиските регулаторни прашања до Комисијата за кои нема да биде потребно одобрение според сегашната структура.
Новите прописи за погонските единици ќе резултираат со истовремени ажурирања на аеродинамичките прописи, и затоа ФИА ги постави следните прелиминарни цели по симулациската работа од нејзиниот аеродинамички оддел. Овие цели беа добро прифатени од Комисијата за Формула 1:
1. Значително намалување на отпорот за да се зголеми стабилноста и ефикасноста на болидите, и да се подобрат перформансите на ПЕ.
2. Искористување на стекнатото искуство за поблиско следење на противнички болиди и претекнување.
3. Намалување на големината на болидите.
4. Намалување или задржување на тековната тежината на болидите.
5. Стандардизација и поедноставување на дизајнот на компонентите и деловите за намалување на трошоците.
6. Продолжување на иновациите во однос на безбедноста на болидите, придвижувајќи се кон активни и поврзани безбедносни системи.
КАМЕРИ НА КАЦИГИТЕ
Воведувањето на најновата генерација на камери за кациги, за време на изминатите трки, се покажа како голем успех, генерирајќи позитивни реакции од фановите. Затоа, беше предложено и едногласно одобрено да се ажурираат Техничките прописи за 2023 година, за задолжителна употребата на овие камери кај сите возачи.
НАМАЛЕНА УПОТРЕБА НА ПНЕВМАТИЦИ
Комисијата за Формула 1 едногласно се одлучи за пробно намалување на достапните сетови на пневматици по возач, од 13 на 11 сета на две трки од 2023 сезоната. Ова ќе биде направено за да се оцени влијанието на намалувањето достапни пневматици врз целокупниот тркачки викенд.
Сите регулаторни промени се предмет на одобрување од страна на Светскиот совет за моторни спортови на ФИА.