Макс Ферстапен победи на трката за Големата Награда на Емилија-Ромања со вториот грен слем во кариерата, старт од Пол позицијата, лидер од почеток до крај, најбрз круг и победа.
Серџо Перез заврши втор, обезбедувајќи двојна победа за Ред Бул, со што значително ја намалија разликата во однос на Ферари.
Ландо Норис кога некој од најбрзите ќе киксне, секогаш е тука да искористи пласман на подиумот, негов прв во оваа сезона. Астон Мартин ги освои првите поени, со осмото место на Ветел и десеттото на Строл.
За две недели борбата ќе продолжи на новата патека во Мајами.
Трибините на патеката Енцо и Дино Ферари беа целосно исполнети. Подолго време тимот од блискиот Маранело не беше дошол на домашна сцена како фаворит и со таква предност во шампионатите.
Тифозите очекуваа да бидат израдувани со победа на Ферари, но Ред Бул донесе неколку надградби со кои очекуваше да биде победен Италијанскиот тим, не дозволувајќи им да го зголемат водството.
Трката за ГН на Емилија Ромања беше прва во 2022 година со саботен спринт. Како и минатата година во Имола не дочека променливо и релативно студено време.
Во петокот за тренинг сесијата имавме влажна патека, а квалификациите се одржаа на асфалт кој за сушење и рекордни пет црвени знамиња. Макс Ферстапен ја освои првата пол во новата сезона.
Во саботата имавме сува патека и потопло време. На почетокот на спринтот, Леклер го престигна Макс, но форсирањето на болидот доведе до откажување на предните пневматици пред самиот крај.
Како последица на тоа, кога разликата во ефикасноста на гумите стана очигледна, Ферстапен си ја врати првата позиција. Главните губитници на спринтот беа Гасли и Џоу, кои се судрија во првиот круг.
Првите стартни редови ги поделија возачите на Ред Бул и Ферари. Од првиот стартуваа Ферстапен и Леклер, од вториот Перез и Саинц Јр. Од третиот, двајцата возали на Мекларен, Норис и Рикиардо.
Почна да врне три часа, а престана еден час пред почетокот на трката. Асфалтот полека се сушеше, а возачите беа принудени да стартуваат на зелените интермедиа гуми на Пирели.
На стартот, Ферстапен го задржа водството по првиот свиок, а возачот на Ферари, Чарлс Леклер беше престигнат од Серџо Перез и Ландо Норис.
По нив во дуел беа Рикиардо и Саинц Јр. кој заврши со контакт во вториот свиок. Болидот на Ферари се изврте, по што двајцата возачи завршија во чакалот покрај патеката. Австралијанецот успеа да се извлече, но Карлос остана заглавен и неговата трка беше завршена.
Подолу во поредокот Мик Шумахер удри во болидот на Алонсо и излета надвор, но успеа да се врати во игра.
Заглавениот болид на Ферари, предизвика излегување на безбедносниот автомобил. Топ 10 поредокот позади него беше Ферстапен, Перез, Норис, Леклер, Магнусен, Расел, Ботас, Алонсо, Ветел, Цунода.
Рикиардо смени гуми, доби нов сет интермедиа гуми и се врати на патеката како последен.
Трката беше рестатирана во 5-от круг, а Макс Ферстапен, очекувано, со тимскиот колега зад себе беше безбеден и го задржа водството.
Фернандо Алонсо полека беше престигнуван од повеќето возачи, а оштетениот болид на Алпин не беше во можност да ја продолжи трката. По контактот со Шуми Јр. недостигаше големо странично парче од каросеријата која ги обвиткува воздушните отвори.
Во 8-от круг Чарлс Леклер го престигна Ландо Норис за третото место, а Џорџ Расел неколку круга вршеше притисок врз Магнусен, но успеа да го престигне дури во 13-от круг. Хасот не можеше да се одбрани нити од Алфа Ромеото на Валтери Ботас.
Поредокот се стабилизира, сите беа во исчекување дали ќе врне или не, па немаше поголеми возбудувања до почетокот на првите влегувања во боксевите за промена на гуми.
Тие започнаа на крајот од 20-от круг, кога речиси сите возачи се решија да стават нови гуми за суво време. Во таква гужва, има големи шанси за инциденти, па така механичарите на Алпин го пуштија болидот на Естебан Окон во моментот кога минуваше Хамилтон.
Британецот мораше нагло да сопира, а имаше и минимален контакт. Стјуардите го разгледаа случајот и Естебан Окон доби казна од пет секунди. Малерите за Валтери Ботас продолжуваат и во боксот загуби осум секунди поради проблеми со предното десно тркало.
По замената на гуми Макс Ферстапен го задржа првото место. Чарлс Леклер изби пред Перез, но Мексиканецот веднаш ја врати позицијата, претекнувајќи го Ферарито на патеката.
Патеката не е баш лесна за претекнување, а доплнително беше отежнато поради тоа што тркачкиот директор не дозволуваше употреба на ДРС-системот. Па така немапе многу случувања на патеката, а топ 10 поредокот беше Ферстапен, Перез, Леклер, Норис, Расел, Ботас, Ветел, Магнусен, Цунода, Строл.
Нил Витич, кој беше тркачки директор во Имола, дури во 40-от круг од трката дозволи да се користи ДРС-системот. Леклер започна да форсира, но не успеваше да се доближи под секунда од Ред Булот пред себе.
Моначанечот побара од својот тим нова опција, но му беше кажано дека тоа ништо нема да промени, а на крај се покажа дека биле во право. Сепак, на инсистирање на Леклер, тој беше повикан во бокс во 50-от круг, каде доби нов сет на црвените гуми за да се обиде да го забележи најбрзиот круг и се обиде да го престигне Серџо Перез за второто место.
Се врати на патеката зад Ландо Норис, кој брзо беше престигнат. Но тоа беше доволно од тимот на Ред Бул да одговорат со нов пит-стоп за Серџо Перез, кој исто така доби црвени гуми. Два круга подоцна тоа го направија и со Макс Ферстапен.
Чарлс Леклер, како што изјави по трката, и покрај фактот што знаел дека тешко ќе го престигне Мексиканецот, се полакоми, форсираше повеќе од потребното, што на крај место второ место му донесе извртување и контакт со заштитните бариери покрај патеката.
Моначанецот имаше огромна, ама навистина огрооооомна среќа, што го оштети само предното крило по што успеа да стигне до боксот по ново предно крило и се врати на патеката на деветтото место.
Успеа да ги претекне Магнусен, Ветел и Цунода 6-то место, наместо пласман на победничкиот подиум.
МАКС ФЕРСТАПЕН ЈА ПОКОРИ ИМОЛА
4/24/2022 09:34:00 PM
0
Share to other apps