Трката во Мелбурн се покажа како најпродуктивната за тимот на Мекларен во оваа нова ера на Формула 1, но работите не течеле без проблеми. На крајот, Ландо Норис беше петти, а Даниел Рикиардо на шестото место.
На Британецот му снемувало гориво, па неговиот тркачки инженер го замолил да "олабави" со педалот за гас, а на неговиот тимски колега, кој во тие моменти заостанувал околу пет секунди му било кажано да не го напаѓа како не би го принудувал да ја зголеми потрошувачката.
Како тим им било важно, да ја завршат трката со два болиди во поени и со доволно гориво во резервоарот на болидот од Ландо Норис.
"Ако болидот на Ландо изгуби струја, што сакате да направам?" - Рикиардо го праша својот тркачки инженер. "Ако тоа се случи, можеш да го претекнеш, но се додека е во ред не го напаѓај." - беше одговорот на Том Сталард, тркачкиот инженер на Рикиардо.
Како што знаеме Австралијанецот се реши да ја испочитува оваа тимска наредба, двајцата возачи ја завршија трката во бодови, а Норис по трката имаше 1 литар гориво кое беше доставено до контролата на ФИА.
Но, се поставува прашањето, дали се ова беше потребно на домашната трка за Даниел Рикиардо, на која учествува по пауза од две години?!?
Едноставно, Ландо можеше да се тргне настрана и на својот тимски колега да му овозможи потенцијално подобар настап пред домашната публика, која во огромно мнозинство беше облечена во боите на Мекларен, т.е. Даниел Рикиардо.
ПРВИТЕ ТИМСКИ НАРЕДБИ ВО ТИМОТ НА МЕКЛАРЕН
4/10/2022 08:18:00 PM
0
Share to other apps