Макс Ферстапен го забележа најбрзото време на квалификациите за Голема Награда на Емилија Ромања, која се вози на легендарната патека Имола. Чарлс Леклер, ќе стартува веднаш до него од првиот ред на саботниот спринт.
Ландо Норис го имаше трето најбрзо време, а друштво на вториот ред ќе му прави Кевин Магнусен со болидот на Хас. П4 е најдобриот пласман во историјата на Хас.
За време на викендот со спринт пред квалификациите имаме само една тренинг сесија, а не три, како што е вообичаено, плус денес дождот на патеката во Имола ги зачини работите. Кога е тоа случај не секогаш најбрзиот, туку најснаодливиот возач може да ја освои Пол позицијата.
За време на првиот тренинг асфалтот беше премногу влажен, а на такви услови само болидите на Ферари можеа да ги доведат пневматиците во оперативниот опсег, што ја објасни големата разлика во резултатите.
По квалификациите, болидите заминуваат во Parc Ferme, каде што ништо не може да се менува во нивните подесувања. За сабота и недела времето ќе биде поинакво, факт кој им го отежна животот на тимовите.
Поради безбедносните причини, речиси секое посериозно излетување низ чакалот беше проследено со развејување на црвените знамиња.
До почетокот на квалификациите, асфалтот беше речиси исушен, па возачите можеа да ги употребат црвените гуми на Пирели. Најтешкиот дел беше тие да се доведатдо посакуваната работна температура, па многумина работеа во серија од кругови.
Во Q1 сесијата, при првото излегување на Алекс Албон, на болидот на Вилијамс се запали задното десно тркало, по што гумата експлодираше, пополнувајќи ја патеката со запалени фрагменти.
Сесијата беше прекината, но Тајланѓанецот сам се довезе до својата гаража, но квалификациите за него беа завршени. Повеќето маршали излегоа да ги расчистуваат остатоците од гума и карбон.
По десет минутен прекин аквијата продолжи. Сите возачи излегоа на црвените гуми. Николас Латифи се изврте на излезот од шестиот свиок, возеше преку тревата, но успеа да го исконтролира својот болид.
Состојбата на патеката и резултатите се подобрија, а се беше решено во последните секунди. Најбрзото време му припадна на Чарлс Леклер, а од понатамошната борба отпаднаа Јуки Цунода, Пјер Гасли, Николас Латифи, Естебан Окон и Алекс Албон.
На јапонецот му фалеа 2 стотинки да го елиминира Мерцедесот на Луис Хамилтон, додека Естебан Окон немаше шанса за нов брз круг поради проблеми со менувачот на неговиот Алпин.
При почетокот на Q2 сесијата, нови облаци се приближуваа кон патеката, па возачите побрзаа да излезат на сувиот асфалт за да имаат време да комплетираат брз круг.
Десетина минути пред крајот на сесијата повторно се појавија црвени знамиња. На големо разочарување на тифозите, Карлос Саинц Јр. изгуби контрола над сцојот Ферари и заврши во бариерите покрај патеката.
Ова излетување на Шпанецот беше неочекувано, бидејќи како што изјави и самиот, не се наоѓал во премногу брз круг и имал време кое го носи во финалната сесија. Квалификациите за него беа завршени, а сесијата продолжи по десет минути.
Но, најавениот дожд веќе пристигна, па повеќето возачи останаа во своите гаражи, а само Чарлс Леклер и Себастијан Ветел излегоа на зелените гуми да ја проценат состојбата на патеката. Беше јасно дека никој нема да може да го подобри своето време.
Најбрз беше Макс Ферстапен, додека Џорџ Расел, Мик Шумахер, Луис Хамилтон, Гуанју Џоу и Ленс Строл не се пласираа во финалниот сегмент. Карлос Саинц Јр. и со излетување ја обезбеди 10-тата стартна позиција.
Q3 сесијата сите ја почнаа на интермедиа гумите на Пирели. Макс Ферстапен имаше излетување, но успеа да продолжи да се движи. Сите беа во брз круг кога повторно беа развеани црвените знамиња, по излетувањето низ чакалот на Кевин Магнусен.
Данецот успеа да се врати назад на патеката и се упати кон својата гаража, па паузата беше кратка. По рестартот повторно сите возачи излегоа на патеката на зелените гуми на Пирели.
Не многу подоцна црвените знамиња се појавија по четврти пат, сега поради Валтери Ботас, кој го запре својот болид покрај патеката. Непосредно пред тоа, Ферстапен го забележа најбрзото време, а останатите мораа да го прекинат својот брз круг.
Расчистувањето на болидот на Финецот траеше 14 минути, а до крајот на квалификациите остануваа три минути.
За последниот обид повторно сите излегоа на интермедија гуми. Ферстапен се пожали на недостаток на грип, поради тоа што дождот започна да паѓа со поголем интензитет.
Како резултат на тоа, никој не можеше да го подобри своето време, плус црвените знамиња беа развеани по петти пат. Ландо Норис излета во 13-от свиок и остана заглавен во чакалот покрај патеката. Квалификацијата кои до тогаш траеа 1 час и 41 минута не продолжија.
МАКС ФЕРСТАПЕН НАЈСРЕЌЕН ВО РУЛЕТ КВАЛИФИКАЦИИТЕ
4/22/2022 06:51:00 PM
0
Share to other apps







