Најбрзи на првиот тренинг за Големата Награда на Емилија Ромања беа возачите на Ферари кои најдобро се снајдоа на влажниот асфалт на патеката во Имола. Чарлс Леклер повторно беше подобар од својот тимски колега, но и со многу извртувања на патеката. Макс Ферстапен го имаше третото најбрзо време, но со огромни 1.4 секунди заостанување.
Повеќето тимови донесоа надградби, но дождот го отежна нивното правилно разбирање. Утринскиот тренинг во Формула 3 беше неколку пати прекинуван и беше завршен пред предвиденото, тренингот во Формула 2 беше одложен.
На патеката имаше многу вода, а новите 2022 болиди за прв пат излегоа на асфалтот во такви услови. Логично имаше многу извртувања и прелети преку чакалот покрај патеката, но без последици по болидите.
Се започна на сините гуми за дожд, а подоцна беа употребени и зелените гуми на Пирели за влажна патека. Во последните минути тркачката линија беше значително исушена. Не се предвидува дожд за остатокот од денот.
Денес следна сесија на програмата се квалификациите, 17:00 часот, на кои ќе се одреди стартниот редослед за утрешниот спринт. Директен пренос на Спотклуб ХД, стримови во нашата VIBER група.
ЛЕКЛЕР НАЈБРЗ НА ДОЖДЛИВАТА ИМОЛА
4/22/2022 03:10:00 PM
0
Share to other apps





