Изјави од победниците и губитниците на квалификациите за Големата Награда на Австралија.
ПОБЕДНИЦИ
Чарлс Леклер, П1: "Задоволен сум со мојот резултат. Оваа патека е навистина незгодна за мене и јас секогаш имав проблеми. Овој викенд, можеби не изгледаше така, бидејќи бевме доста брзи, но јас имав многу работа за да ги оптимизирам моите перформанси."
"Тимот заврши одлична работа. Останавме мирни во секоја ситуација, и покрај црвените знамиња, жолтите знамиња и сообраќајот. Најголемото ограничување за мене беше сонцето. Беше ниско и под незгоден агол и беше речиси невозможно да се види каде сум во Q2 и поголемиот дел од Q3."
"Презедов многу ризици и на крај мило ми е што успеав да составам толку добар круг. Не заостануваме премногу во однос на тркачкото темпо. Многу сме блиску со нашите конкуренти, така што утре ќе имаме тешка, но возбудлива трка."
Ландо Норис, П4: "Многу сум среќен, убаво е да се биде на П4. Тоа е добра награда за тимот и најдоброто што можевме да го направиме денес. Голема благодарност до сите овде на патеката и сите во фабриката за нивната напорна работа, што го овозможи ова. Добро е што се вративме во Q3, со оглед на тоа каде бевме во последните неколку недели. Се надеваме дека денешниот ден нè подготви за добра трка и многу поени."
Луис Хамилтон, П5: "Споредено со вчера и со минатата трка, денес беше добар ден за мене. Навистина сум благодарен на сите вработени за напорната работа, и за малку ќе се најдев на П4 што ќе беше навистина кул, но утре ќе се бориме за таа позиција."
"Би рекол дека оваа ера на Ф1 болиди е најлошата во однос на вертикалните осцилации што некогаш сум ги доживеал. За луѓето што гледаат дома, кога се движите горе/долу, кога ќе влезете во некој свиок, никогаш не знаете во која позиција ќе го направите тоа, па болидот или има подуправливост или надуправливост."
"Возењето на ваков болид е вистински предизвик, тој е како змија ѕвечарка! Треба да го најдеме вистинскиот баланс и висина на болидот за да имаме добри перформанси. Џорџ и јас пробавме малку поинакви работи на нашите болиди, па се надевам дека тоа се добри податоци за тимот да се вклучи во трката."
ГУБИТНИЦИ
Карлос Саинц, П9: "Денес имав доста добро темпо, но мојата финална сесија беше за никаде. Заглавив со црвеното знаме непосредно пред финишот на првиот брз круг, а за вториот не можевме да го стартуваме болидот."
"Кога конечно излегов на патеката, немав време да го одработам подготвителниот круг, што значеше дека гумите беа далеку од подготвени за брз круг."
"Планот за утрешната трка е очигледен, ќе се обидам да напредувам во поредокот што е можно повеќе, но без четвртата ДРС зона патеката е тешка за претекнување. Како и да е, нервозата ќе ми помине кога ќе преспијам, па утре не очекува нов ден."
Фернандо Алонсо, П10: "Се чини дека среќата не одбегнува во досегашните тркачки викенди и да се има овој инцидент во квалификациите е вистинска штета. Имав темпо за Топ 3 пласман или можеби дури и пласман на првиот стартен ред."
"Чувствував дека мојот Q3 круг беше многу брз. Не сум изненаден што сме толку блиску до лидерите бидејќи работевме напорно како тим. Секој викенд сме се подобри и подобри, па тоа е позитивно."
"Oва беше мој најдобар викенд по многу години, и фрустрирачки е што завршив во бариерите покрај патеката. Треба да го поправиме и испитаме болидот во текот на ноќта и утре да се стремиме кон освојување на многу поени."
Серџо Перез, П3: "Мислам дека квалификациите се одвиваа прилично добро, особено во Q2 сесијата, а потоа во неколку наврати имавме црвени знамиња, што значеше дека не можеме да експериментираме со гумите. Секогаш е тешко да се извози добар круг кога има прекини."
"Излегов за стинт од три круга, за на крај да дознаеме дека двојниот брз круг не функционираше подобро од колку да имавме гориво само за еден обид. Тоа не чинeше неколку десетинки."
"Сепак, Чарлс направи извонреден круг, ги склопи сите коцки, а јас не. Се надевам дека утре на трката ќе бидеме многу поблиску и ќе уживаме. Ми се допаѓа овој болид, се навикнувам на него и утре во трката сакам да победам."
ПОБЕДНИЦИ И ГУБИТНИЦИ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ВО МЕЛБУРН
4/09/2022 05:26:00 PM
0
Share to other apps