Ферари во Монте Карло ја испушти победата во два наврати. Првиот пат по сопствена вина и катастрофалната стратешка одлука за Чарлс Леклер, а вториот пат по вина на Николас Латифи на кој му беа потребни дури 8 свиоци да го пропушти Карлос Саинц Јр..
Вчера, Шпанецот можеби беше најблиску од кога било до таа прва победа во Формула 1. Имаше одлична трка, добар старт, беше во право со стратегијата и со менаџирањето на пневматиците. Конечно F1-75 перфектно се однесуваше во неговите раце.
Но, секако не планираше дека Николас Латифи не се сложува со тоа. По излегување од бокс Саинц Јр. на патеката излезе зад Канаѓанецот и заглави зад него. Латифи ги игнорираше сините знамиња во период од осум свиоци, се додека не се тргна пред влез во тунелот.
Загубата на време Карлос Саинц ја квантифицира за околу две секунди и која е убеден дека го чинеше победа. Шпанецот се најде 1.1 секунда зад Перез по излезот од боксевите на Мексиканецот.
"Денешната трка има горчлив вкус, ја пропуштивме шансата за победа. Тешко е затоа што таа беше во наши раце, но јас дадов се од себе и ќе давам во иднина, па ќе се вратиме посилни како тим."
Чарлс Леклер е разочаран што ја загуби "добиената" трка, но тој треба да се објасни со својот тим, како се случи да бидат донесени толку катастрофални стратешки одлуки кои му ја расипаа прославата пред домашната публика.
"Разочаран сум што ја загубив оваа победа, особено дома. Ќе биде важно да разбереме што точно се случи за да се осигураме дека тоа нема да се повтори."
"По првиот пит-стоп ме помина Перез. Три круга подоцна, изгубив уште две места. Едноставно е невозможно да се престигне во Монако без да се преземат огромни ризици, така што четвртото е најдоброто што можевме да го направиме под овие околности."
"Грешки се случуваат, за жал денеска направивме премногу.
Го сакам мојот тим и сигурен сум дека ќе се вратиме посилни."
САИНЦ ЈР. - НИКОЛАС МИ ЈА ОДЗЕДЕ ПРВАТА Ф1 ПОБЕДА
5/30/2022 07:51:00 PM
0
Share to other apps



