Каталуња е патеката каде сите тимови, освен Хас, ќе донесат поголеми или помали надградби на своите болиди. Она што веднаш падна во очи на првиот ден од викендот се новите делови кои ги донесе Астон Мартин и кои покренаа сомнежи и озборувања поради нивната екстремна сличност со болидот на Ред Бул.
Пред сè, страничните отвори за воздух се причината која што многумина ги доведе во искушениe тимот од Силверстоун да го обвинат за нов плагијат. Тимот на Лоренс Строл во изминатите пет трки забележа само шест поени што претставува многу лош почеток на новата ера.
Тимот, кој до неодамна имаше правна битка со Ред Бул за "превземањето" на нивниот инженер, Ден Фалоус, донесе радикален пакет подобрувања во Барселона за да ги поправи сегашните перформанси, кои дури и премногу потсетуваат на Ред Бул.
Астон Мартин беше казнет од ФИА во 2020 година за копирање на системот за сопирање од Мерцедес АМГ во аферата која што стана позната како "розовиот Мерцедес".
Од креаторите на тoj концепт, денес се роди "Зелениот Ред Бул" или "Зелениот бик." Новите странични отвори на воздух што ги има AMR22-B се речиси идентични на оние што Адријан Њуи ги дизајнираше за РБ18.
Во Формула 1 е легално е да се копираат делови од противничките болиди, се додека тоа е копија, врз основа на фотографиите што ги направиле во Астон Мартин, но тоа не би било легално, како во случајот од 2020 година, ако Астон Мартин му платил на Ред Бул за плановите за болидот, или ако Ден Фалоус имал некаква врска со неговото претходно знаење за болидот од Милтон Кејнс.
АМР22Б ЗЕЛЕНИОТ БИК НА ГРИДОТ
5/19/2022 11:54:00 PM
0
Share to other apps



