Себастијан Ветел денес имал непријатно доживување при напуштање на својот хотел. Имено, неидентификувани, барем засега, крадци го искористиле неговото невнимание и речиси пред негови очи украле ранец од багажникот на неговиот автомобил, по што Германецот се решил да ги следи со електричен скутер низ населбата Ел Равал.
Во тој ранец ја чувал целата своја документација и безжични слушалки со кои можел да ги следи своите работи. Геолокацијата на "AirPods" му овозможила постојано преку својот телефонот да знае каде се крадците.
За време на "потерата" била известена и шпанската полиција, која му препорачала да ја прекине потерата и да поднесе пријава, но Себ не се откажал.
Конечно, Себ ги пронашол слушалките во продавница во квартот Чиутат Вела, но немало ни трага ниту од неговиот ранец, ниту од останатите работи.
Сè укажува дека крадците сфатиле дека слушалките може да се геолокализираат и се ослободиле од нив. Во моментов не се познати повеќе детали за тоа што се случило, но полицијата работи на пронаоѓање на крадците и враќање на работите на Себ.
ВЕТЕЛ ОГРАБЕН, ПА РЕШИЛ ДА ГИ БРКА КРАДЦИТЕ
5/23/2022 07:54:00 PM
0
Share to other apps


