Макс Ферстапен е победник на Големата Награда на Шпанија со својата четврта победа сезонава и 24-та во кариерата, со што првпат оваа година се најде на водечката позиција во генералниот пласман на возачи.
Серџо Перез заврши на второто место, обезбедувајќи ја втората двојна победа сезонава за тимот на Ред Бул и првото место во шампионатот за конструктори.
Џорџ Расел се искачи на третото скалило на подиумот, а веќе следниот викенд борбата ќе продолжи во Монако.
Тимовите подготвија многу нови делови за своите болиди, но тоа речиси и да немаше влијание врз односот на силите. Некој направи чекор напред, како Мерцедес АМГ, решавајќи го проблемот со вертикалните осцилации, некој направи чекор назад, како Астон Мартин и Мекларен.
На резултатите многу повеќе влијаеше африканскиот антициклон, поради што во Барселона пролетта беше жешко како и во август. За прв пат од 2012 година, владата на регионот денес издаде метео аларм за невообичаено топло време.
Пред почетокот на трката воздухот се загреа до 37 степени, а асфалтот достигаше и до 60 степени. Трибините на патеката Каталуња беа исполнети до последното место. Штета што повеќето од нив немаа причини за поголема прослава.
Пирели традиционално ги донесе најтврдите смеши C1, C2 и C3 во улога на бели, жолти и црвени гуми. C1 смешата беше премногу бавна и неупотреблива, додека другите две брзо се трошеа на жешкиот асфалт. Дури и во Пирели не очекуваа толку големо абење, па беше најавувана трка со многу застанувања во боксот.
Лидерот во шампионатот, Чарлс Леклер, беше најбрз на сите тренинзи и ја освои Пол позицијата. Кај болидот на Макс Ферстапен при решавачкиот обид не работеше ДРС-системот, проблем кој го следеше и на денешната трка, и покрај тоа што доби нов ДРС-систем.
По четврти пат оваа година, Леклер и Ферстапен го поделија првиот стартен ред, Саинц Јр. и Расел ја започнаа трката од вториот, Перез и Хамилтон од третиот. Луис Хамилтон се реши за старт на жолтите гуми, останатите на црвени. Кај набрзите 10 само Чарлс Леклер имаше нов сет на гуми, кој го зачува во квалификациите.
На стартот Леклер го задржа водството по првиот свиок, додека Џорџ Расел ги претекна Саинц Јр. и Перез и се искачи на третото место. Подолу во поредокот Кевин Магнусен го закачи болидот на Хамилтон.
Данецот излета во чакалот покрај патеката, но успеа да се врати во игра. Луис Хамилтон се упати во бокс откако заработи дупната гума при контактот, а за смена на гуми се репи и возачот на Хас. Стјуардите инцидентот го оценија како тркачки.
Топ десет поредокот по првиот круг беше: Леклер, Ферстапен, Расел, Перез, Саинц Јр., Шумахер, Ботас, Рикиардо, Окон, Норис. Набрзо возачот на Хас почна да биде петекнуван од повеќето болиди зад него и се најде надвор од освојувачите на поени.
Карлос Саинц Јр. исфрустринан од лошиот старт, повторно направи грешка и излета во четвртиот свиок, враќајќи се на патеката низ чакалот и на 14-тото место. Како што се испостави по трката, ова излетување го чинело 1 секунда по круг поради оштетениот под.
Неочекувано за Макс Ферстапен, во 9-от круг, поради силен налет на ветер, и Холанѓанецот излета од патеката на истото место како Саинц Јр., но се врати на патеката на 4-тото место.
Два круга подоцна Серџо Перез му го препушти третото место без отпор, по што се најде зад болидот на Мерцедес АМГ, т.е. Џорџ Расел.
Веќе во 11-от круг Саинц Јр., Алонсо, Гасли и Џоу ја започнаа серијата на промена на пневматици. Карлос Саинц се искачи на седмото место, а на болидот на Ферстапен, како и во саботата, ДРС-сисиемот не работеше од време на време.
Холанѓанецот долго го притискаше Расел, но поради проблемите со ДРС-от не можеше да го претекне. За тоа време Чарлс Леклер направи разлика од 26-27 секунди, кога се реши за промена на гуми во 22-от круг. На патеката се врати на првото место и 5 секунди пред Мерцедесот на Џорџ Расел.
Макс Ферстапен дури во 24-от круг успеа да го претекне Џорџ Расел, но Британецот веднаш ја врати позицијата во борба тркало до тркало која се одвиваше низ три свиоци.
Во 27-от круг, драстична измена во поредокот. Лидерот во трката, Чарлс Леклер, ја загуби моќта на Ферари ПЕ во својот болид, возеше полека својата гаража и се повлече од трката.
Во 28-от круг Пјер Гасли и Ленс Строл остварија контакт во борбата за позиција. Канаѓанецот се изврте, а Французинот доби казна од пет секунди поради предизвикување судир.
Покрај проблемите во првиот тим, Ферари ПЕ откажа и во болидот на Алфа Ромео, тој на Гуанју Џоу. Кинезот втора последователна трка со истиот проблем и незавршена трка.
За втора серија на промена на гуми од лидерите прв се реши Макс Ферстапен, стратегија која му го донесе првото место откако сите ги сменија своите гуми. Најдобрите десет возачи на почеток од 39-от круг беа: Ферстапен, Перез, Расел, Ботас, Саинц Јр., Хамилтон, Окон, Ветел, Норис, Алонсо.
Наскоро започна и третата последна серија на влегувања во бокс. Во 45-от круг Ферстапен се упати кон својот бокс и на патеката се врати на второто место. На посвежи гуми, Ферстапен брзо ја намали разликата во однос на Перез и тимот побара од Мексиканецот, по втор пат на оваа трка, да му дозволи на својот тимски колега да го помине без борба.
Хамилтон беше во налет и во 58-от круг го претекна Ботас, кој ја избра губитничката стратегија од две влегувања во бокс, а два круга подоцна и Ферарито на Карлос Саинц Јр., по што се искачи на четвртото место.
Сепак Мерцедесот не издржа толкав напор на големата жештина во Барселона, па тимскиот инженер му пренесе информација дека поради протекувањето на системот за ладење сериозен ризик од откажување да намали. Тоа го искористи Саинц Јр. кој си го врати четвртото место. Валтери Ботас немаше гуми за напад на ранетиот Мерцедес АМГ.
СУПЕР МАКС ПОБЕДНИК НА ХАОТИЧНОТО ШПАНСКО ГРАН ПРИ
5/22/2022 05:48:00 PM
0
Share to other apps








