Фернандо Алонсо доби казна од пет секунди поради судир со Пјер Гасли, кој подоцна се покажа како фатален и за возачот на Мекларен, Ландо Норис, предивикувајќи излегување на безбедносниот автомобил и ресетирање на поредокот.
Возачите кои имаа сигурна предност ја изгубија, а тие што немаа влезено во бокс ја искористија својата шанса за добар пласман.
На пет круга до крајот на трката се одвивала вистинска драма во тимот на Алпин.
Фернандо се наоѓаше на осмото место, но ресетирањето на разликите ќе доведеше до губење на три места и пласман надвор од освојувачите на поени.
Инженерите на Алпин се решија на помош да го повикаат Естебан Окон, кој беше 2.5 секунди зад Шпанецот и на грбот ги имаше Алекс Албон и Ленс Строл.
Тимот го предупредува Естебан за казната што ја има Фернандо и го замолуваат да му помогне со забавување на болидите зад него за Алонсо да не го изгуби својот пласман во бодови кога ќе се додадат пет секунди од казната на крајот од трката.
Првиот одговор на Естебан е негативен. Французинот тоа го гледа како невозможно и смета дека ако го направи тоа ќе го престигнат и ќе го загуби својот пласман. Сепак, неколку моменти подоцна, тој се согласува да помогне.
На три круга до крајот Французинот успева да ја зголеми разликата помеѓу него и својот тимски колега на 4.5 секунди, а последниот круг го започнува со шест секунди дефицит.
Неговиот инженер го пофали за фантастичната работа, на што Окон додаде дека тоа била добра одлука на тимот и добро изменаџирано од нивна страна.
Но, иако Естебан придонесе Фернандо да заврши на 8-то место, на крај се тоа беше бадијала кога стјуардите на Шпанецот му доделија уште една казна од пет секунди за стекнување предност надвор од патеката.
НЕТФЛИКС ДРАМА: БОРБА ЗА ОСМОТО МЕСТО НА ФЕРНАНДО
5/10/2022 07:15:00 PM
0
Share to other apps



