Чарлс Леклер го забележа најбрзото време на квалификациите во Шпанија, забележувајќи ја неговата 13-та Пол позиција во кариерата и четврта во оваа сезона.
Макс Ферстапен по четврти пат од новата ера на Формула 1 ќе му прави друштво на Моначанецот на првиот стартен ред.
Карлос Саинц Јр. и Џорџ Расел ќе стартуваат од вториот, Серџо Перез и Луис Хамилтон од третиот.
Повеќето тимови подготвија бројни новитети за трката во Шпанија и кои можат да влијаат на односот на силите. Не беа сите ефективни, особено тие на Мекларен.
Фактот дека квалификациите имаат клучна улога на патеката Каталуња важеше за старите болиди, а новата 2022 генерација треба да прикаже дека се дизајнирани за полесно претекнување.
На сите три тренинзи, Чарлс Леклер беше во водство, но резултатите беа многу тесни. Пјер Гасли и Мик Шумахер буквално не учествуваа на третиот тренинг. Болидот на АлфаТаури има проблеми со ладењето, додека Шуми Јр. ги запали задните сопирачки на Хас.
Неговите механичари имаа напорна работа да ги заменат сопирачките, задната амортизација, менувачот и оштетените жици за да може да учествуваат на квалификациите.
За оваа трка, Пирели традиционално ги донесе најтврдите смеши од својот опсег C1, C2 и C3 како бели, жолти и црвени гуми. На топлото време пневматиците забрзано се трошат, факт кој може да одигра клучна улога на утрешната трка.
Во Q1 сесијата, сите возачи се обидоа да се ограничат на еден сет на црвени гуми. Од болидот на Гасли повторно излегуваше чад од задниот дел, но тој извозе брз круг и потоа повторно излета.
Од Астон Мартин опасно го пуштија болидот на Строл кон пит-линијата, каде за малку ќе удреше во болидот на Ландо Норис, а стјуардите го разгледуваат овој инцидент по квалификациите.
Серџо Перез имаше излетување низ чакал во седмиот свиок, но без последици по болидот.
Леклер, Саинц Јр., Ферстапен, Перез и Окон се ограничија на еден обид, останатите заминаа на поправен. Ландо Норис го спречи Фернандо Алонсо во подготовката за брзиот круг, па Шпанецот за прв пат во сезоната не помина во вториот сегмент од квалификациите.
Најбрз беше Чарлс Леклер, а од понатамошната борба отпаднаа: Ветел, Алонсо, Строл, Албон и Латифи. Скандалозните новитети на Астион Мартин не помогнаа баш многу.
Во Q2 сесијата, повеќе возачи избраа користени црвени гуми за својот прв круг, но тоа не беше случај со Џорџ Расел кој го забележа најбрзото време на нов сет гуми. Леклер заостануваше половина секунда, Ферстапен, повеќе од шест десетинки.
Џорџ Расел, Луис Хамилтон и Чарлс Леклер се откажаа од вториот обид, останатите продолжија да се борат. На крај, Макс Ферстапен го забележа најбрзото време, а квалификациите завршија за Ландо Норис, Естебан Окон, Јуки Цунода, Пјер Гасли и Гуанју Џоу.
Најбрзиот круг на Норис беше избришан поради излетување од патеката во 12-от свиок.
Во Q3 сесијата, Чарлс Леклер направи грешка при својот прв обид, извртувајќи се во последната шикана, по што без забележано време се врати во боксот. Макс Ферстапен беше убедливо најбрз по првите брзи круга.
Во вториот обид Моначанецот излезе прв на патеката и без поголема гужва на патеката го забележа најбрзото време. За жал, Макс Ферстапен при вториот обид се пожали на губење на моќта, што на крај се покажа дека не се отворил ДРС-системот на неговиот РБ18, но и покрај тоа успеа да остане на првиот стартен ред..
ЧАРЛС ЛЕКЛЕР СО ИЗВРТУВАЊЕ ДО ПОЛ ПОЗИЦИЈАТА
5/21/2022 05:57:00 PM
0
Share to other apps











