Изјави од победниците и губитниците на квалификациите за Големата Награда на Шпанија.
ПОБЕДНИЦИ
Чарлс Леклер, П1: "Навистина ги свртевме работите од вчера и нашиот тим заврши неверојатна работа. Овој викенд се мачевме многу на првите два тренинзи, особено со гумите. Ги анализиравме сите податоци и синиќа направивме значителни промени на болидот."
"Утринава, видовме некои подобрувања и се надеваме дека ќе биде доволно да ги победиме нашите конкуренти кои имаа предност во оваа област во последните две трки."
"Што се однесува до квалификациите, тоа беше незгодна сесија. Мислам дека мојот прв круг во Q3 беше одличен, се до моментот кога во 14-от свиок притиснав малку повеќе и го загубив задниот дел."
"Имав само еден обид да се поправам, од кој сум многу задоволен, но и воопшто од мојот настап на днешните квалификации."
Џорџ Расел, П4: "Денешниот ден беше добар чекор во вистинската насока. Тоа е нашата најдобра квалификациска позиција како тим оваа сезона, пред еден Ред Бул, и позитивна сесија за нас бидејќи конечно добивме добра основа."
"Разликата во квалификациско темпо во однос на Ферари е сè уште голема, но имаше и повеќе потенцијал, гумите не беа во совршен работен прозорец, особено во Q3."
"Утре претстои долга трка и мислам дека сме во подобра позиција, а темпото на некои од болидите околу нас е малку непознато. Што се однесува до развојот, конечно сега добивме добра основа, и треба да продолжиме со овој пат и да најдеме повеќе перформанси."
Мик Шумахер, П10: "Очигледно сме среќни што влеговме во Q3. И покрај тоа што навистина не изгледаше како имаме темпо за тоа, сепак успеавме да извозиме добри кругови."
"Невозењето на денешната тренинг сесија беше проблем, но успеавме да го надминеме, па затоа сум многу среќен за денешниот ден и многу благодарен на тимот."
"Се чувствувавме прекрасно што го забележавме овој успех, знаејќи дека не донесовме никакви надградби, за разлика од останатите тимови."
ГУБИТНИЦИ
Фернандо Алонсо, П17: "Денес за мене беше тешка квалификациска сесија и имавме мало недоразбирање во мојот последен круг од Q1. Мислев дека имаме една или две секунди разлика за да ја поминеме линијата, но всушност имавме 20 секунди разлика на крајот."
"Овде тоа е незгодно бидејќи како што знаеме е многу тешко да се престигне на оваа патека. Ајде да видиме како ќе се одвиваат работите на трката, бидејќи на последните неколку трки тие кои стартуваа од задниот дел на гридот имаа добро темпиран период на безбедносниот автомобил и се најдоа во топ 10 пласман."
"Да се надеваме дека и ние ќе ја имаме таа среќа и ќе освоиме бодови. Денес болидот не беше толку брз како вчера и треба да разбереме зошто тоа беше така."
Себастијан Ветел, П16: "Изгледавме посилни на тренинзите и искрено мислев дека подобро ќе се снајдеме во квалификациите. Меѓутоа, попладнево се борев со балансот: имав многу повеќе преуправливост и не можев да ја пренесам брзината низ свиоците без да го изгубам задниот дел."
"Сепак, тимот направи неверојатна работа за да донесе два целосно нови болиди на оваа трка, тоа беше огромен напор. Наградата за сиот тој труд сè уште не се покажува, но сигурен сум дека ќе дојде."
"Утре е нов ден и ќе притискаме силно. Не помага кога се стартува од долниот дел на гридот, но мислам дека треба да успееме да направиме нешто во трката."
Алекс Албон, П19: "Навистина се мачевме со сообраќајот на крајот од Q1 сесијата и секогаш е проблем кога има многу болиди на патеката. Имав неколку пристојни круга и чувствував дека болидот го има вистинскиот баланс."
"Денеска имавме повеќе темпо, но кога излегов за последниот обид, имаше сообраќаен метеж што ги направи работите хаотични и значеше дека не можев да го подобрам последното време."
"Toa e фрустрирачки бидејќи болидот и гумите работеа, па разочаран сум што не добивме порепрезентативен резултат."
ПОБЕДНИЦИ И ГУБИТНИЦИ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ВО ШПАНИЈА
5/21/2022 09:29:00 PM
0
Share to other apps








