Трката во Барселона традиционално го отвораше европскиот дел од сезоната, и е место каде се одржуваат зимските тест сесии. Оваа година првата европска трка се одржа пред еден месец, во Имола, Италија.
Пред таа трка предноста на Чарлс Леклер во однос на Макс Ферстапен изнесуваше 46 бодови. Оттогаш поминаа две трки, па сега разликата е само 19 поени.
Ферари ги оправдуваше двете неуспешни трки со тоа што не подготвувале надградби на болидот, иако беше чудно да не се обиде да ги задоволи италијанските тифози кои целосно ги преполнија трибините на патеката Енцо и Дино Ферари, место каде доживеаа голем пораз.
Каталуња се смета за референца за проценка на ефикасноста на болидите, вклучува различни типови на свиоци, од бавни, каде е важен механичкиот грип, до оние кои се поминуваат со голема брзина. Ако болидот е брз во Барселона, тој обично е конкурентен и на повеќето други патеки.
Бавниот трет сектор е особено важен, каде што може да направите голема разлика. Повеќето бавни свиоци во Барселона се леви, повеќето брзи свиоци се десни. Оваа карактеристика на патеката води до фактот дека гумите на левата страна се истрошуваат побрзо, а на десната страдаат од недоволно загревање.
Успехот на трката зависи од вештините на возачот за сплотување со неговата "машина" и наоѓање на оптималните поставки, секако со помош на своите инженери, за што поефикасен болид. Колку поголема потисна сила, толку е подобар резултатот.
Во трката се појавува уште еден проблем, на Каталуња тешко се претекнува. Минатата година, во обид да го решат тоа, сопствениците на патеката малку ја променија конфигурацијата, враќајќи го десеттиот свиок во неговата историска форма, но тоа речиси немаше никакво влијание врз бројот на претекнувања.
Традицијата вели дека стартната позиција во Барселона е многу важна, во изминатите дваесет години, возач кој не стартуваше од Пол позицијата, победи само во четири трки.
Овој викенд, благодарение на африканскиот антициклон, во Каталонија е жешко како во август. За прв пат од 2012 година, владата на регионот го издаде првото предупредување за ненормално топло време веќе во мај, зборуваме за денот на трката.
Во петок и сабота возачите работеа на сува патека, а и за денес не се очекуваат врнежи. Трката започнува во 15:00 часот, а дотогаш воздухот ќе се загрее до 28 степени целзиусови и ќе дува слаб југозападен ветер.
Пирели за Големата Награда на Шпанија која се состои од 66 круга како најбрза ја прогнозира стратегијата со два пит-стопа, но во игра може да биде и трето застанување за промена на гумите.
Ова се должи на високото ниво на абење и деградација, поради абразивниот асфалт и високоенергетските свиоци. Друга причина е фактот што не се губи толку многу време низ боксевите, како и фактот дека белите гуми се значително побавни.
Најдобра опција е да се започне трката на жолтите гуми, кои дозволуваат релативно долг прв стинт, а понатамошната стратегија зависи од преостанатите сетови на гуми што ги имаат возачите.
Црвените гуми имаат забележлива предност во брзината во однос на жолтите пневматици, но брзо се трошат. Белите гуми, исто така, може да играат улога, но тие се повеќе од една секунда побавни по круг од жолтите.
Теоретски, најбрзиот начин да се комплетира трката е користење на комбинацијата од жолти-жолти-црвени гуми. Втората најбрза опција е жолти-црвени-црвени. Можна е варијанта со сите три смеши жолти-бели-црвени, но ќе биде побрзо да се вози без користење на белите гуми.
Марио Изола, Пирели: "Жешки и напнати квалификации во кои требаше правилно да се пристапи кон црвените гуми за да се искористи максимумот од нивниот потенцијал."
"Стратегијата исто така одигра улога, пресметаниот ризик на Леклер од само еден обид во вториот дел од квалификациите, поддржан од возачите на Мерцедес АМГ, може да ги диверзифицира нивните стратегиски опции."
"Абењето на гумите ќе биде фактор на трката. Прогнозата ветува уште потопло време, па оваа трка би можела да биде една од најтешките за гумите во сезоната."
"Стратегијата и правилната дистрибуција на преостанатите сетови на гуми ќе играат клучна улога во трката."
ДЕН ЗА ТРКА, НАЈАВА НА ШПАНСКОТО ГРАН ПРИ
5/22/2022 10:59:00 AM
0
Share to other apps








