Ферари и Ред Бул се прикажаа во целосно рамноправно светло на првиот тренинг од Големата Награда на Монако. Чарлс Леклер беше најбрзиот возач, но Серџо Перез беше само три стотинки зад Моначанецот, додека Саинц Јр. беше трет со заостанување од седум стотинки.
За прв пат во својата историја, првите две тренинг сесии во Монте Карло се одржуваат во петок. На толку тесна и патека која не простува, возачите ведаш се упатија во акциија на жешкиот асфалт.
На почетокот Карлос Саинц Јр. и Чарлс Леклер беа единствените кои се одлучија за жолтите гуми во првиот стинт, додека останатите возачи се одлучија за белите гуми на Пирели.
Денес имавме доста жешко време во Монако, со температури околу 30-от степен за време на првата тренинг сесија, а таа на асфалтот над педесет степени.
Тимовите ја разработија традиционалната програма за поставките на болидите и проценка на абењето на гумите, но условите на денот на трката се очекува да бидат сосема различни, облачно и околу 10 степени пониски температури.
Од самиот почеток на сесијата, возачите на Мерцедес АМГ се жалеа на потскокнување на болидот, иако тимот се чинеше дека го реши овој проблем во Барселона.
Немаше никакви инциденти, но Леклер, Ферстапен, Магнусен и Перез имаа свои моменти кога завршија во малата безбедносна зона покрај првиот свиок, уништувајќи сет гуми.
Хамилтон, Латифи и Леклер двапати ја исекоа шиканата, без последици по болидите.
Во 19-тата минута, болидот на Шумахер, поради проблеми со MGU-K, застана на влезот во боксевите, па сесијата беше прекината пет минути за да се отстрани неговиот Хас.
Тоа беше крај на сесијата за Германецот, но за разлика од него Валтери Ботас кој имаше проблеми со менувачот немаше таква среќа. Финецот го предаде болидот на своите механичари, губејќи ја целосно првата тренинг сесија.
Валтери имаше само два инсталациски круга, но и тоа беше доволно да добие казна од 1000 евра за брзо возење низ боксевите, 81.9 км/ч при максимална дозволена брзина од 60км/ч.
Истата казна ја доби и Јуки Цунода, кој возеше низ боксевите со брзина од 76.4 км/ч.
Најмалата парична казна, 300 евра, за истиот прекршок ја доби Серџо Перез, кој ја надмина дозволената брзина за 3 км/ч.
Вториот тренинг во Монако е закажан за 17:00 часот, кога со монтирање на најбрзите, црвени гуми ќе се покаже целиот потенцијал на патеката во Кнежевството.
ЛЕКЛЕР НАЈБРЗ, ФЕРАРИ И РЕД БУЛ ВО ТЕСНА БИТКА
5/27/2022 03:42:00 PM
0
Share to other apps





