Нема почудна и поконтроверзна трка во Ф1 календарот, но секој возач сонува да го освои Монако. Најмалата грешка води до катастрофални последици, моќноста на погонската единица и аеродинамичната ефикасност речиси и да немаат ефект врз резултатот, бидејќи речиси да нема место каде може да се претекнува.
Организатор на настанот е Автомобилскиот клуб Монако, и досега ова е единствената трка во календарот која не плаќа за учество во шампионатот, но договорот потпишан со Берни Екелстоун завршува оваа година, а за новиот договор, доколку дојде до склучување, ќе бидат потребни уплати од организаторот.
Формула 1 се трка во Монте Карло од самите почетоци на шампионатот во 1950 година, кога инаугуралната трка ја освои Хуан Мануел Фанџо. Ова е најбавната патека во календарот, нема можности за претекнување, па исходот на трката во голема мера зависи од квалификациите и првиот свиок. Често се вели дека оваа трка се добива во сабота.
Големата Награда на Монако ја комплетира серијата од седум трки на почетокот од 2022 сезоната, одржани на сосема различни патеки. Балансот на силите се менуваше неколку пати, но е приближно јасен.
Во Ферари почна да сфаќаат дека и покрај сите напори и импресивен напредок, титулите, на големо жалење на тифозите, нема да бидат лесно остварлива цел како што се мислеше пред неколку трки.
Болидот на Ред Бул е побрз и подобро се прилагодува во трките, а Серџо Перез значително ја подобри својата форма. Како резултат на тоа, Макс Ферстапен победи на сите трки кои ги заврши.
Пред само три трки, тој заостануваше 46 поени зад Чарлс Леклер, а сега е во водство со шест предност во однос на Моначанецот. Победата во Барселона, дополнета со откажувањето на Леклер беше многу важна од психолошки аспект, па веројатно затоа Ред Бул толку јасно обзнани дека Мексиканецот ќе биде втор возач во тимот и оваа сезона.
Сега на потег е Ферари, кои во најмала рака треба да освојат двојна победа по обезбедување на првиот стартен ред. Но, Леклерк има лоша среќа на домашната патека.
Досега има три Ф1 трки во Монте Карло, две Пол позиции, но нити една завршена трка зад своето име. Ако не ја искористи и оваа шанса, шансите за Титулата на Ферстапен значително ќе се зголемат.
Пред една година, Макс пристигна во Монако со 14 поени зад Луис Хамилтон, и на крајот стана шампион. Сега Макс има четири победи наспроти две за Леклер, но борбата продолжува.
Ферари ќе се обиде да ја искористи оваа шанса да ја освои првата шампионска титула од 2007 година, т.е кај конструкторите од 2008 година. Крајот на сезоната е се уште далеку.
Големата Награда на Монако која се состои од 78 круга има тенденција да биде релативно едноставна од стратегиска гледна точка, како трка со едно застанување во бокс. Двете главни варијабли што ја регулираат стратегијата се безбедносните автомобили, честа појава во Монако и времето.
Абењето е малку повисоко од очекуваното, иако деградацијата е поднослива. Како резултат на тоа, белите гуми стануваат значајна опција за трката, давајќи им на тимовите многу опции и кога станува збор за времето за пит-стоп и кои смеши да се користат.
Постои голема веројатност за излегување на безбедносниот автомобил, бидејќи бариерите се толку блиску, така што тимовите имаат за цел да ги искористат тие моменти за "брз" пит-стоп. Проблемот е што овие моменти по природа се непредвидливи.
Најбрзиот начин во теорија би бил да се започне со црвените, а потоа трката да се заврши на белите, но да се започне со жолтите, а потоа да се финишира на белите е исто така многу блиска опциија, со бонус од максимална флексибилност за влегување во бокс.
Сепак, ако врне, ќе имаме сосема друга приказна, со потенцијал да се извози целата трка на само еден комплет гуми за дожд или интермедиа гуми.
Марио Изола, Пирели: "Од наша гледна точка, тоа беа едноставни квалификации, со користење на црвените гуми од почеток до крај и без значителни прекини и покрај црвените знамиња на почетокот и на крајот на сесиите."
"Патеката продолжи да се развива, така што наоѓањето празнина во сообраќајот во вистинско време, како и секогаш беше клучен фактор. Иако имаше малку повеќе облачност, температурите беа доста високи."
"Сега фокусот се префрла на трката, кога е најавена можност за дожд и нешто пониски температури. Што и да се случи, можни се различни стратегии, при што сите три смеши веќе покажаа дека имаат важна улога."
" Најмеката беше суштинска за квалификациите, но со абењето што е забележано, жолтите и белите гуми веројатно ќе бидат во фокусот за трката."
ДЕН ЗА ТРКА, НАЈАВА НА МОНАКО ГРАН ПРИ
5/29/2022 11:27:00 AM
0
Share to other apps









