Чарлс Леклер го започна викендот за Големата Награда на Мајами како најбрз возач на првиот тренинг. Џорџ Расел изненади и заврши втор, а зад него беше Макс Ферстапен.
Првиот излегување на нова патека е секогаш интересно, особено затоа што патеката околу стадионот Хард Рок во Мајами наликуваше на онаа во Баку, но уште потесна, со сличности на Џеда како блиско поставени бариери, лизгав асфалт и многу топло време.
Во Мајами, асфалтот беше подготвен за да обезбеди добар грип, но болидите сепак пролизгуваа, особено во 7-от и 17-от свиок, каде што преку ноќта беше поставен нов асфалт.
Во првите минути извртувања имаа Леклер и Цунода, Ферстапен имаше близок контакт со бариерите без последици по болидот. Од тимот на Алпин имаа небезбедно пуштање на Естебан Окон веднаш пред болидот на Расел, кој во тој момент минуваше низ пит-линијата. Стјуардите најавија дека овој инцидент ќе биде разгледан по завршување на тренинг сесијата.
Мик Шумахер за малку ќе удреше во болидот на Рикиардо, кој наеднаш ја намали брзината, инцидент кој исто така ќе биде разгледуван од стјуардите. Ленс Строл и Себастјан Ветел добија предупредување со црно-бело знаме за преминување на белата линија додека влегуваа во боксот.
На половина од сесијата таа беше прекината откако Валтери Ботас изгуби контрола врз својот Алфа Ромео во седмиот свиок и заврши во барерите покрај патеката со уништено задно крило.
Сесијата продолжи девет минути подоцна, по што во 4-от свиок извртување на патеката имаше Карлос Саинц Јр, по кое заработи дупната предна десна гума, па мораше назад во бокс по нов сет на црвени гуми.
Макс Ферстапен го заврши тренингот четири минути пред крајот, а неговите инженери имаа многу работа, како што најави Кристијан Хорнер, проблемот е во прекумерното загревање.
ЛЕКЛЕР НАЈБРЗ, МАКС СО ПРОБЛЕМИ, КАМ-БЕК НА МЕРЦЕДЕС АМГ
5/06/2022 10:07:00 PM
0
Share to other apps


