Џорџ Расел го забележа најбрзиот круг на петочните тренинг сесии за Големата Награда на Мајами. Британецот го победи Чарлс Леклер за една десетинка, во сесија со повеќе механички проблеми за Макс Ферстапен и ново излетување и судир со бариерите за Карлос Саинц Јр..
Кам-бекот на Мерцедес АМГ е потврден со четвртото најбрзо време на Луис Хамилтон. Најдобар од останатите беше Фернандо Алонсо со четири десетинки заостанување зад најбрзото време.
Ако на повеќето патеки вториот тренинг е еден од најрелевантните, тоа не беше случај со трката во Мајами, бидејќи сесијата започна во 17:30 часот по локално време кога квалификациите и трката ќе бидат завршени доколку немаме долги прекини.
Со почетокот на вториот тренинг, сонцето во Мајами започна да заоѓа, температурата започна да се намалува, а тркачката линија започна да се покрива со доста гума, па возачите можеа да притиснат повеќе, а со тоа дојдоа и побрзи времиња.
Механичарите на Ред Бул продолжија да работат на болидот на Макс Ферстапен и како првентива, по контактот со бариерите на Т1, Холанѓанецот доби нов менувач.
Алфата на Валтери Ботас, со која претпладнето заврши во бариерите, целосно беше демонтирана, па Финецот не доби шанса за настап на вториот тренинг.
Немаше некои поголеми инциденти, освен тој на Карос Саинц Јр., кога Шпанецот веќе трет викенд по ред губи контрола на Ферарито и завршува во заштитните бариери. Шпанецот сам излезе од кок-питот, но беше испратен на превентивен преглед поради реагирање на сензорот за преоптоварување.
Сесиjата беше прекината и подолжи по 12 минути, кога на патеката за прв пат излезе и Макс Ферстапен. Но, веќе во подготвителниот круг имаше нови проблеми, овој пат откажа хидрауликата на неговиот РБ18 по што беше принуден "лазејќи" да се врати кон својата гаража.
При патешествието до боксевите се запалија и задните сопирачки, а му посмета и на Ленс Строл. Тоа беше крај на сесијата за него.
Во 48-та минута од тренингот повторно се појавија црвени знамиња, кога Мерцедес ПЕ во болидот на Николас Латифи загуби моќност, по што Канаѓанецот беше приморан да се паркира покрај заштитните бариеи. Прекинот траеше четири минути.
Во последните минути Магнусен и Ветел се извртеа на патеката без последици по нивните болиди.
ЏОРЏ РАСЕЛ СО НАЈБРЗО ВРЕМЕ, КАРЛОС САИНЦ ЈР. ПОВТОРНО ВО БАРИЕРИТЕ
5/07/2022 12:55:00 AM
0
Share to other apps






