Изјави од победниците и губитниците на квалификациите за Големата Награда на Монако.
ПОБЕДНИЦИ
Чарлс Леклер, П1: "Многу сум задоволен од нашиот целокупен настап до сега овој викенд. Јас
се чувствував сигурен во болидот и почнав да форсирам повеќе во Q3."
"Првиот круг беше добар. Мислам дека вториот беше еден од најдобрите кругови што сум ги направил во квалификациите."
"Беше многу забавно да се вози и бев навистина на самата граница. Имав многу преуправување, така што задниот дел беше прилично незгоден. Сепак, знаев дека кругот напредува добро и тоа беше особено добро чувство."
"Штета е што не можев да го завршам, но ова е Монако и знаеме дека последниот обид е секогаш под ризик од жолти или црвени знамиња."
"Во секој случај ja обезбедивме пол позицијата, па јас сум навистина среќен. Какви и да се условите утре, ние ќе тргнеме од најдоброто можно место и ќе направиме се викендот да го завршиме без проблеми, како што помина досега."
Карлос Саинц Јр., П2: "Имав одлично надоградување во текот на денешните квалификации, особено до Q3 сесијата, кога работите станаа незгодни. Во мојот прв обид морав да ги претекнам двата Мерцедеси во текот на мојот брз круг, па имав неколку десетинки во резерва, особено при претекнувањето на Хамилтон кај базенот."
"Сепак, бев сигурен во вториот обид се додека Перез не излета. Направив се што можев за брзо да реагирам и да го избегнам, но веќе беше доцна. Вакви работи може да се случат во Монако и за жал повторно сум вмешан во тоа."
"Генерално, П2 е пристојна стартна позиција за неделната трка и првиот стартен ред е добар успех за тимот и добра можност да се освојат солиден број на поени. Ајде да се тркаме!"
Ландо Норис, П5: "Задоволен сум од денешниот ден. Мислам дека тоа беше максимумот што можевме да го постигнеме. Цел викенд болидот беше добар и мислам дека денеска покажавме дека извлековме максимум од него и направивме добри кругови."
"Toa Не беше доволно да се биде пред првите два тима, но доволно добро за да се биде пред сите други, што е секогаш следниот чекор. Така, јас сум среќен, но работата треба да биде завршена утре на трката."
"Фокусот е да се обидеме и ако е можно да напредуваме, но тоа е тешко, така што ќе се обидеме да останеме таму каде што сме како минимум и да освоиме добри поени."
ГУБИТНИЦИ
Гуанју Џоу, П20: "Ова е многу фрустрирачки и разочарувачки резултат. Црвеното знаме што излезе само неколку секунди пред да го завршам мојот брз круг значеше дека јас бев единствениот кој не можеше да постави време со вториот сет гуми и, на градска патека како Монако, со голема еволуција на патеката, никогаш немав шанса со првиот круг."
"Бавното напредување на колоната од болиди пред мене значеше дека не можев да добијам уште еден обид и тоа беше тоа."
"Досега ова не беше баш најлесниот викенд за нас, но уверен сум дека можеме да напредуваме на утрешната трка. Ќе дадеме се од себе, а времето може да има улога, па ќе се обидеме да направиме добар резултат."
Пјер Гасли, П17: "Денес, јас сум многу фрустриран. Бевме брзи во текот на целиот викенд, се до квалификациите, па затоа е разочарувачки што не ја искористивме оваа можност."
"Не сум задоволен од стратешките одлуки што ги направивме денес, а потоа во Q1 на патеката излеговме предоцна и не успеав да добијам шанса за втор обид."
"Имавме темпо да се бориме за топ 6 пласман и, на крајот, трката нема да ја започнеме на позицијата на која заслужуваме да бидеме."
Макс Ферстапен, П4: "Во принцип, моето темпо овој викенд беше незадоволително, никогаш не го пронајдов вистинскиот баланс. Имав добар последен круг во Q3, бев на максимумот се додека не стигнав до свиокот каде што налетав на мала гужва на патеката!"
"Штета, бидејќи мислам дека можев да се квалификувам подобро од четвртата позиција, но, не на Пол позицијата, затоа што мислам дека Чарлс беше премногу напред, но можеби имавме шанса за второто место."
"Сепак, тоа е Монте Карло, сосема непредвидливо и секогаш постои ризик од црвено знаме кога сите се на границата од моќностите на своите болиди. Мислам дека за трката повеќе низ одговара да има дожд, затоа што на суво претекнувањето е речиси невозможно."
ПОБЕДНИЦИ И ГУБИТНИЦИ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ВО МОНТЕ КАРЛО
5/28/2022 08:57:00 PM
0
Share to other apps








