Како и на првиот, Чарлс Леклер го имаше најбрзото време и на вториот тренинг за Шпанското Гран При. Макс Ферстапен беше инфериорен во вториот сектор и беше само петти, а втората и третата позиција на табелата им припадна на возачите на Мерцедес АМГ.
На вториот тренинг, тимовите ја продолжија започнатата тест програма на новите делови, но сега имавме повеќе фокус и на проценката на абењето на гумите на Пирели и пронаоѓање на лимитите на болидите.
Откако ја започнаа сесијата со подолги стинтови на жолтите гуми, возачите постепено се префрлуваа на квалификациски стинтови со црвените гуми, што влијаеше на резултатите.
Речиси никој не работеше со белите гуми, а за Барселона тие се произведени од најтврдата смеша, C1, од 2022 палетата на Пирели.
Ландо Норис го имаше надградениот болид на Мекларен во свои раце, за разлика од Даниел Рикиардо кој возеше болид со старите спецификации. Тимот требаше да добие податоци за споредба, но Британецот имаше излетување во осмиот свиок, и мораше да помине низ чакалот покрај патеката, по што се упати кон своите механичари.
Набрзо повторно се најде на патеката, но повторно имаше свои моменти над рабниците, коментирајќи до своите инженери дека најверојатно подот е оштетен. Тоа се покажа како точно, па Норис се повлече во својата гаража и повеќе не излезе на патеката.
Тренингот го пропушти и Валтери Ботас. Во четвртиот круг, моторот во неговиот болид ја изгуби моќноста на крајот од стартниот правец, по што Финецот го паркираше својот болид покрај патеката. Алфата брзо беше отстранета, во период кој помина под режим на виртуелен безбедносен автомобил.
Серџо Перез имаше проблеми со балансот на својот РБ18 и како Ландо Норис имаше пат низ чакалот покрај осмиот свиок, но без последици по болидот.
Тимовите донесоа многу технички иновации во Барселона, така што има многу за проверка, тестирање, собирање податоци, анализирање и оптимизирање како подготовка за квалификациите и трката.
Ферари на прв има големи проблеми со деградацијата на гумите. Досега резултатите се многу блиски помеѓу нив и Ред Бул, но во борбата се вмеша и Мерцедес АМГ. Останува да видиме дали тоа ќе биде по теркот на Мајами или саботата ќе ги врати во реалноста.
Според Матија Биното, на Каталуња, секогаш е тешко да се најде вистинскиот баланс на болидот, бидејќи во последниот сектор од кругот е неопходно задниот дел од болидот да работи ефективно, а во првиот сектор важно е да се постигне подеднакво добра работа и на предниот и задниот дел.
Наведува дека викендот во Шпанија може прилично точно да го наговести понатамошниот тек од сезоната.
И во Мерцедес се многу сум задоволни од постигнатиот напредок, тимот не се предава, продолжува да работи напорно, можеби се уште не се најбрзи, но се на добар пат во решавање на проблемите, особено неподносливите вертикални осцилации на правците.
Денес беа значително помали, па со тоа почнува да се открива вистинскиот потенцијалот на W13, и можностите кои може да ги оствари.
Макс Ферстапен и Ред Бул денес беа доста резервирани, па Холанѓанецот го имаше само петтото најбрзо време. Тимот е задоволен од тркачкото темпо, но потребно е да се пронајдат вистинските поставките за атак на Пол позицијата.
Она што е важно да добар исход на трката, деградацијата на пневматиците на РБ18, моментално е голем плус за овој тим. Времето ќе биде стабилно во сите три дена, па може да се продолжи со работа без мешање на оваа варијабла.
ЛЕКЛЕР НАЈБРЗ, ЗАД НЕГО ВОЗАЧИТЕ НА МЕРЦЕДЕС АМГ
5/20/2022 07:20:00 PM
0
Share to other apps





