Откако ја купи Формула 1, Либерти Медиа речиси веднаш почна да зборува за зголемување на бројот на трки кои ќе се одвиваат на американско тло.
Во 2016 година, извршниот директор Грег Мафеј ги наведе приоритетите, монетизација на дигитални преноси, проширување на календарот и долгорочни договори за домаќин на трки во Мајами и Лас Вегас.
Првите два задачи се комплетирани, оваа година ќе се вози трка во Мајами, а во 2023 година во Лас Вегас. Се оди според нивниот план.
Мајами е најголемата метрополитенска област во југоисточниот дел на САД и еден од најважните финансиски центри.
Најпрво беше планирано да се одржи трка низ улиците на Мајами, но градските власти не сакаа да помогнат во организација и финансиска подршка. Одлуката за реализација на проектот беше неколку пати одложувана.
Во есента 2019 година, во областа каде што се наоѓа стадионот Хард Рок, се појави нов проект за изградба на патека, независен од градските власти. Сопственикот на стадионот Стивен Рос беше подготвен да ја финансира изградбата и трошоците за одржување на трката.
Но, организаторите веднаш беа тужени, од најразлични организации и граѓани. Во Америка адвокатите заработуваат најмногу во целиот свет! Конфигурацијата на патеката мораше да се промени, ограничена само на територијата на стадионот. Таа повеќе не излегуваше во градот, а времето за одржување на трките беше забрането да се поклопува со локалните настани.
На 18 април 2021 година, Големата Награда на Мајами беше официјално вклучена во календарот за 2022 година. Договорот е потпишан за период од десет години.Мајами интернационалниот автодром е слична патека со таа на Алберт Парк во Мелбурн или Автодром во Сочи. Патеката во Мајами е објект од привремен карактер, а нејзината изградбата започна во летото 2021 година.
Должината на патеката е 5.41 километар, кругот вклучува 19 свиоци (12 леви и 7 десни), три правци и три ДРС зони. Максималната проектирана брзина е 320 км/ч. Проектот вклучува три места каде што е можно претекнување, и тоа на влез во 1-от, 11-от и 17-от свиок. Нешто што во пракса се покажа помалку остварливо.
Помеѓу свиоците 13 и 16 има елевациски промени, каде патеката се спушта и се издигнува додека минува неколку слепи вртења, замислени од дизајнерите на патеката како "генератори на грешки". Карлос Саинц Јр. и Естебан Окон го искусија ова од прва рака.
Важно е да се обезбеди ефикасно забрзување во делниците каде бавните свиоци се претвораат во долги правци. Патеката е замислена да ја фаворизира максималната брзина, бара мало ниво на потисна сила и голема моќност на погонската единица. Спак, гумите на Пирели може да играа улога во овие поставки.
Оптоварувањето на сопирачките е просечно, три зони на сериозно сопирање кои се поврзани со сегменти со средна брзина, каде што сопирачките имаат време да се изладат.
Трката во Имола не остави со многу емоции. Преполни трибини. Петок, кога сите велеа дека само Ферари најде пристап до гумите на ладно време, а потоа три порази по ред за тимот од Маранело, во квалификациите, спринтот и во трката. И се пред домашната публика.
Овој резултат на домашната патека на ривалите додаде оптимизам кај Ред Бул. Пред почетокот на викендот, предноста на Ферари изгледаше недостижна, но новите правила му дозволија на Ред Бул да надомести 38 поени, со прво место на спринтот, најбрзиот круг и победа на трката.
Тие донесоа полесни делови, што овозможи да се намали тежината на болидот, подготвија аеродинамични иновации и ја искористија иницијативата. Болидот на Ферари повеќе ги трошеше гумите и беше инфериорен во брзината, а возачите правеа грешки.
Во Мајами има малку нови делови на болидите. Комплицираната логистика ги оневозможи, но за две недели во Барселона ќе има што да се види.
Во февруари, тимовите таму спроведоа тестови, собирајќи голема количина на податоци, и иако условите тогаш беа различни, тие ќе можат да ја проценат ефикасноста на новитетите, кои ќе ги има во изобилство кај сите Ф1 тимови.
Тешко е да се процени оптималната стратегија за трката во Мајами. Тимовите немаат информации за работата на гумите од претходни години, а викендов не можеа да возат долги стинтови поради прекин на сесиите.
Пирели верува дека трката најверојатно ќе се одржи со две застанувања во боксот, но се зависи од абењето на гумите за време на трката. Еден од факторите во изборот на стратегија може да биде многу веројатното излегување на безбедносниот автомобил.
Марио Изола, Пирели: "Квалификациите беа интересни, тимовите користеа метод за враќање на грипот на гумите без губење на нивната ефикасност, наизменично возејќи брзи и бавни кругови."
"Тоа беше особено забележливо во стратегијата на Ферари, кога во првиот дел од квалификациите Чарлс Леклер извозе три серии кругови на еден сет пневматици, а Карлос Саинц Јр. четири. Потоа имаа три серии во Q2 сесијата и две во Q3 и се ова при најжешките временски услови за оваа сезона."
"Оптималната стратегија на трката не е лесно да се одреди, но се чини дека две промени на гумите ќе им овозможат на возачите најбрзо да го поминат растојанието. Сите три смеши може да играат важна улога."
Трката е ќе започне во 15:30 часот по локално време. До тој момент воздухот ќе се загрее до 31 степени со променливо облачно време и со слаб југозападен ветер. Метеоролозите најавија зголемен ризик за дожд до 50% во периодот од 15 до 18 часот.
ДЕН ЗА ТРКА, НАЈАВА НА ИНАУГУРАЛНОТО МАЈАМИ ГРАН ПРИ
5/08/2022 04:18:00 PM
0
Share to other apps










