На почетокот од овој викенд седум тимови пријавија измени на своите болиди за Големата Награда на Азербејџан. Повеќето од нивните измени се насочени кон подобрување на нивните перформанси на правците на брзата патека во Баку.
Хас, Вилијамс и Астон Мартин не објавија детали за какви било промени на нивните болиди за трката овој викенд. Останатите тимови ја известија ФИА за следните ажурирања:
ФЕРАРИ
Задно крило.
Веќе донесено во Мајами, но не беше користено. Оваа верзија има намалени горни елементи со цел да се прилагоди на карактеристиките на градската патека во Баку.
Останато.
Ажурирање на ретровизорите. Мала измена на нивниот спој со шасијата што обезбедува мало подобрување на протокот на воздух и затоа позитивно влијае на севкупната ефикасност.
МЕКЛАРЕН
Задно крило.
Намален отпор и ниво на потисна сила кои ги бара оваа патека.
Капак на погонската единица.
Намалено ладење на каросеријата за да се максимизираат аеродинамичните перформанси, обезбедувајќи намален отпор и подобрена потисна сила во задниот дел.
Предно крило.
Предно крило со пониско ниво на потисна сила што одговара со изменетото задно крило.
АЛПИН
Странични отвори за воздух.
Влезовите на страничните отвори се проширени нанапред во споредба со претходниот дизајн, за да го подобрат намалувањето на отпорот на болидот и да помогнат малку да се подобри и контролата на закосеноста на предните тркала.
Задно крило.
Горниот дел од задното крило е променет. Тоа е крило со ниска потисна сила што е специфично за потребите на патеката во Баку, која бара повисоки максимални брзини.
Крилца под задното крило.
Долниот дел од задното крило е видливо различен со друг распоред на двата елементи, наменето да создаде помал отпор и подобра аеро-ефикасност за болидот, и повторно специфично за градската патека во Баку.
Предно крило.
Предното крило е променето и сега е помало од претходниот дизајн за да одговара на задните крила со пониска потисна сила имплементирани овде на градската патека во Баку.
МЕРЦЕДЕС АМГ
Предно крило.
Измени поврзани со цел да се намали оптоварувањето на предното крило за да се задоволат барањата на оваа патека.
Влез на страничните отвори за ладење.
Измена на држачите на ретровизорите.
Задно крило.
Со оглед на природата на патеката, ова задно крило генерира помал отпор и потисна сила за да овозможи поголема максимална брзина на правците.
РЕД БУЛ
Преден дел.
Изменета геометрија на каналите за ладење на сопирачките и дополнителни подобрувања на дискот на предните сопирачки.
Тело на подот.
За подобра локална поддршка на подот, додаден е надворешен држач заедно со минимално обложување за надворешните стеги.
Подни огради.
Радиусот на површината на подот е намален за да се ревидираат деталите на предниот раб на предните огради во потрага по локално оптоварување.
Ивица на подот.
Ревидирана геометрија на работ на подот за да одговара на претходно споменатите промени.
АЛФАТАУРИ
Предно крило.
Задните елементи на предното крило се репрофилирани за да се намали нивната големина и инциденца. Измените се дизајнирани за да се намали оптоварувањето на предното крило за оваа специфична патека.
Крилца под задно крило.
Двата елементи се репрофилирани за да се промени нивната форма за да се зголеми потисната сила и да се намали отпорот и на тој начин да се зголеми ефикасноста на склопот.
АЛФА РОМЕО
Предно крило.
Новата исечена верзија на нашето претходно предно крило има за цел да ја намали аеродинамичната рамнотежа на болидот, со цел подобро да одговара на карактеристиките на патеката во Баку диктирани од изборот на задното крило.
Задно крило.
Ново, репрофилирано задно крило со слаб отпор. Редизајнираните елементи на задното крило се дизајнирани да одговораат на карактеристиките на оваа патека.
Ф1 БОЛИДИ - СИТЕ ИЗМЕНИ ЗА ТРКАТА ВО АЗЕРБЕЈЏАН
6/10/2022 10:15:00 PM
0
Share to other apps