Чарлс Леклер ги победи возачите на Ред Бул и го предводеше вториот тренинг за Големата Награда на Азербејџан. Сесија на која Фернандо Алонсо беше извонреден со време за четвртото место на табелата и незапирлив трет сектор. Од друга страна, Карлос Саинц Јр. со Ферари беше петти, но најдоброто време го постави на жолтите гуми.
По првиот тренинг на кој доминираше Серџо Перез, следуваше попладневната сесија која се одржа во исто време со квалификациите и на очекувавме порелеванти податоци како би го прогнозирале понатамошниот тек на викендот.
Асфалтот во Баку имаше повеќе гума, во меѓувреме се одржаа и сесии од Ф2 шампионатот, а неговата температура започна да опаѓа, како што се намалуваше и сончевата светлина.
Пред почетокот на вториот тренинг, Ред Бул работеше на ДРС-системот на болидот на Макс Ферстапен, т.е подвижниот елемент од задното крило силно вибрираше, па Макс ја напушти својата гаража со мало задоцнување.
Повторно, имаше грешки, што е нормално за тренинг сесија, кога возачите се обидуваат да го пронајдат вистинскиот серт-ап на болидот. Па така, Норис, Ветел, Строл, Шумахер, Перез, Леклер и Саинц Јр. имаа излетувања во безбедносните зони покрај одредени свиоци.
Од друга страна Алекс Албон ги закачи заштитните бариери со предното десно тркало, по што се врати во боксот и за него сесијата беше завршена.
По првичното излегување на жолтите гуми, некаде околу средината на тренингот возачите се префрлија на црвените гуми за квалификациски стинтови.
На нив, како што кажува табелата најбрз беше Чарлс Леклер, а Алонсо доминираше во третиот, најбрзиот, сектор од патеката по што беше побрз од Ферарито на Карлос Саинц Јр., но и возачите на Мерцедес АМГ, АлфаТаури и Ландо Норис.
Макс Ферстапен беше последниот од водечките што излезе на патеката и неговиот прв обид беше уништен од излетувањето на неговиот тимски колега во 15-от свиок, па наместо заветрина доби жолти знамиња.
Карлос Саинц Јр. по два добри сектори, направи грешка во третиот по што мораше да се откаже од својот брз круг. Набргу потоа, Серџо Перез имаше круг за две десетинки побавен од тој на Чарлс Леклер.
Макс Ферстапен повторно беше последниот од водечките што се обиде да ги "исцеди" до максимум свјот болид и црвените гумио на Пирели, но забележа време само за третата позиција на табелата.
Пјер Гасли беше шести, со Џорџ Расел седми, Јуки Цунода осми, Естебан Окон деветти и Ландо Норис десетти.
По овие екстра брзи стинови, возачите повторно се вратија на патеката со потврдите смеши на Пирели како би го испитале однесувањето на болидот во тркачки услови.
По неколку комплетирани круга на патеката имавме интересна и помалку чудна комуникација помеѓу Чарлс Леклер и неговиот тркачки инженер во која Моначанецот се пожали дека чувствува недостаток на моќност од Ферари ПЕ.
Леклер се движеше многу бавно по патеката, но инженерот по одредени проверки му одговори дека се е во ред и дека може да продолжи да форсира во тркачки режим. Сепак, тој не беше премногу задоволен и одговори иронично - "Добро, ќе продолжам штом е нормално да губам моќност."
Кога сме кај тркачкото темпо, Ред Бул е тука некаде со Ферари, но, Италијанците се малку пред нив во брз круг.
За разлика од Монте Карло, во Баку квалификациите не се од особена важност, затоа што на трката може да се претекнува особено на долгата стартна рамнина, каде заветрината во комбинација со ДРС-ситемот ќе бидат моќна алатка на болидот кој се подготвуа за напад.
Викендот продолжува утре, кога на програмата се закажани саботниот тренинг од 13:00 и Квалификациите од 16:00 часот по македонско време. Кој е вашиот фаворит за Пол позицијата?
ЧАРЛС ЛЕКЛЕР НАЈБРЗ НА ВТОРИОТ ТРЕНИНГ
6/10/2022 05:35:00 PM
0
Share to other apps