На почетокот од овој викенд само пет тимови пријавија измени на своите болиди за Големата Награда на Канада. Хас, Вилијамс, Ред Бул, АлфаТаури и Алфа Ромео не објавија детали за какви било промени на нивните болиди за трката овој викенд.
Останатите тимови ја известија ФИА за следните ажурирања:
МЕРЦЕДЕС АМГ
Изведба на задната амортизација - Подобрување на протокот на воздух, за зголемување на потисната сила во овој дел, без зголемување на отпорот.
Под - Направено е поголемо отсекување на рабовите на подот зад предните прегради за тие да работат поефикасно, исто така за поголема потисна сила.
ФЕРАРИ
Задно крило - Надграден горен елемент на задното крило и страничните делови. Ова ажурирање е дел стандардниот процес на развој, фокусирано на подобрување на целокупната ефикасност.
Крилца под задно крило - Ажурирани главни и преклопни профили во склоп на подобрување на ефикасноста на целото задно крило.
МЕКЛАРЕН
Задно крило - Дизајниран е нов начин на монтирање на задното крило, што треба да резултира со ефикасно зголемување на аеродинамичкото оптоварување на задниот дел.
Ивица на под - Ажурирана положба за држење на рабовите на подот, за да се подобри доверливоста и цврстината на подот.
АЛПИН
Крилца под задно крило - Во споредба со претходната верзија, двата елементи се наредени еден над друг. Новиот дизајн е наменет да создаде подобра аеродинамична ефикасност благодарение на преуредувањето на елементите.
АСТОН МАРТИН
Задно крило - Нов најгорен дел кој се вклопува на претходно користеното задно крило. Овој дел формира асинхроно подрачје за штелување на соодносот потисна сила/отпор за подесување на болидот за различните карактеристики на патеката.
Ф1 БОЛИДИ - СИТЕ ИЗМЕНИ ЗА ТРКАТА ВО МОНТРЕАЛ
6/17/2022 07:57:00 PM
0
Share to other apps