Макс Ферстапен доминираше на првиот тренинг за Големата Награда на Канада. Сесија без поголеми случувања, на која шпанските возачи, Карлос Саинц Јр. и Фернандо Алонсо завршија на второто т.е. третото место на табелата.
Формула 1 се врати во Канада по двегодишна пауза со новата генерација на болиди и 18 инчи гуми на Пирели. По вчерашниот силен дожд на патеката во Монтреал, денес на првиот тренинг имавме сува патека со делумно облачно време и силен ветер.
Со најава за дожд возачите излегоа веднаш на патеката за да комплетираат што повеќе круга. Естебан Окон со болидот на Алпин веќе во 15 минута од сесијата мораше во бокс, откако ѓубре од патеката се заглави во каналот за ладење на предната десна сопирачка, од која започна да излегува чад.
Макс Ферстапен се пожали на перформансите на амортизацијата, едно од предните тркала низ свиоците висеше во воздух. Неговите механичари лесно го решија проблемот.
Јуки Цунода имаше контакт со заштитната бариера покрај деветтиот свиок, па мораше во својата гаража за да се провери неговиот болид.
Карлос Саинц Јр. за малку ќе налеташе на стартиот познаник од Монтреал, мрмот кој се реши да претрча низ патеката. Акцијата продолжува со вториот тренинг кој е закажан за 23:00 часот по македонско време.
МАКС ФЕРСТАПЕН ДОМИНАНТЕН НА ПРВИОТ ТРЕНИНГ
6/17/2022 09:33:00 PM
0
Share to other apps