Мохамед бин Сулејем, новиот претседател на ФИА е незадоволен од социјалната активност на некои возачи за време на тркачките викенди.
Тој верува дека тие треба да се тркаат, а не да ги демонстрираат своите верувања. Тој неодамна изјави:
"Ники Лауда и Ален Прост размислуваа само за тркање. Сега Ветел вози велосипед со виножито, Луис се грижи за човековите права, а Норис се занимава со ментално здравје."
"Секој има право на свое мислење, но според мене тоа не може да се наметне на други користејќи го спортот. Јас сум од арапска култура. Јас сум интернационалист и муслиман."
"Дали ги наметнувам моите верувања на другите луѓе? Во мојата федерација во ОАЕ има 16 националности! Наведете ми барем една федерација каде што има толку многу националности."
"Има повеќе од 34% жени и претставници на седум религии. И има повеќе христијани отколку муслимани. И јас сум горд на тоа."
"Но, нема да ги наметнувам моите верувања. Постојат правила кои треба да се следат. Вклучувајќи го и накитот. Toа правило не е измислено сега, не го измислив јас! Тоа го направиле експерти за безбедност."
Овие зборови на претседателот на ФИА предизвикаа остри критики на социјалните мрежи, па пред Големата Награда на Азербејџан донекаде ја ублажи реториката објавувајќи уште една изјава.
"Како тркач, отсекогаш верував дека спортот е катализатор за напредок во општеството. Затоа промоцијата на одржливиот развој, различноста и инклузивноста е еден од клучните приоритети на мојот мандат. Исто така, ја ценам посветеноста на сите возачи и шампиони за подобра иднина."
НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФИА ПРОТИВ ВОЗАЧИ ПОЛИТИЧАРИ
6/10/2022 12:15:00 PM
0
Share to other apps