Серџо Перез ја задржа својата добра форма по победата во Монако. Мексиканецот беше најбрзиот возач на првиот тренинг за Големата Награда на Азербејџан, пред Чарлс Леклер, Макс Ферстапен.
По трката низ улиците на Монте Карло, се префрламе на уште една градска патека, но многу поинаква. За време на првиот тренинг, асфалтот во Баку беше многу "зелен" со температура од 43 степени.
Сесијата започна со многу активност, и за само неколку минути сите возачи веќе беа на патеката. Освен Ферари, кои беа на белите и Астон Мартин, на црвени, сите останти се решија за жолтите гуми.
Веќе во осмата минута беше воведен режим на виртуелен безбедносен автомобил, кога болидот на Мик Шумахер застана на патеката поради истекување на течноста од системот за ладење. Како резултат на тоа, возачот на Хас го пропушти првиот тренинг.
Хамилтон излета во безбедносната зона без последици по болидот, Строл ја допре бариерата во 15-от свиок, па мораше во бокс за проверка на задната амортизација.
Во 15-та минута Николас Латифи застана во петтиот свиок, неговиот болид остана без моќта на Мерцедес ПЕ.
Неговиот Вилијамс мораше да се отстрани од патеката, за што повторно беше воведен режим на виртуелниот безбедносен автомобил. Како и за Шуми Јр. и за него сесијата беше завршена
До крајот на тренингот имавме излетувања на Пјер Гасли, два пати во 16-от свиок и при крајот на сесијата, Ферстапен се изврте во 15-от свиок.
На програмата следува вториот тренинг со почеток од 16:00 часот кога би требало да добиеме порелевантни податоци за распоредот на силите пред утрешните квалификации.
Дали Ферари ќе ги намали вертикалните осцилации, кои беа премногу изразени на нивните болиди, или пак Ред Бул ќе нема поголема конкуренција во Баку за нова двојна победа?!?
СЕРЏО ПЕРЕЗ СЕ ЧУВСТВУВА ОДЛИЧНО НА ПРВОТО МЕСТО
6/10/2022 02:48:00 PM
0
Share to other apps