Чарлс Леклер го забележа набрзото време на квалификациите во Баку, забележувајќи ја неговата шеста Пол позиција во сезоната и 15-та во кариерата.
Веднаш до него ќе стартува Серџо Перез, а тркачкото темпо на Ред Бул го мотивира за уште една последователна победа.
Но, Макс Ферстапен нема ни малку да му олесни, кој заедно со Карлос Саинц Јр. ќе стартуваат од вториот, а Џорџ Расел и Пјер Гасли од третиот ред.
Квалификациите во Баку се секогаш интересни. Сфаќајќи дека во секој момент може да се појават жолти или црвени знамиња, возачите напаѓаат од првите минути, но за добар резултат треба да се избегне сообраќајот и да се подготват гумите, што не е секогаш можно.
Значи, среќата е исто така важна. На тренинг сесиите немавме црвени знамиња. Во петокот Чарлс Леклер го забележа најбрзото време, денес на саботниот тренинг, најбрз беше Серџо Перез.
Третиот тренинг доцнеше 15 минути за да се заменат TecPro бариерите во првиот свиок по несреќата на крајот на трката во Формула 2. Според прописите, помеѓу крајот на тренингот и квалификациите мора да има најмалку два часа , па и квалификациите беа одложени за 15 минути.
Мерцедес АМГ имаше повеќе време и ги поправи оштетувањата на подвозјето на двата болида. Во брзите кругови, традициоално за Баку активно се обидуваа да ја искористат заветрината на долгиот стартен правец од болидот пред себе, дали тоа беше нивниот тимски колега или пак противникот.
Во Q1 сесијата, возачите работеа во серија кругови, наизменично еден брз и два бавни. Себастијан Ветел го имаше првото излетување во безбедносната зона на третиот свиок, по краткото жолто знаме тој се врати на патеката.
Во првиот обид Леклер го имаше најбрзото време, но Ферстапен смени гуми и беше побрз. Во 15-тата минута Ленс Строл по грешката при сопирање, во седмиот свиок заврши во заштитните бариери, но ударот беше "нежен" и не се забележуваа оштетувања на неговото предно крило.
Веќе во следниот негов круг, сесијата беше прекината со црвени знамиња. Како што покажаа репризите, Канаѓанецот имаше уште еден инцидент, удри во бариерите покрај вториот свиок. Уништениот болид мораше да биде отстранет од патеката.
Возачите се упатија кон своите гаражи со останати две и пол минути од сесијата. По десетина минути беше најавен рестарт на Q1, а неколку минути порано се создаде редица на излез од пит-линијата.
Ферстапен, Перез, Леклер, Саинц Јр., Ветел и Окон се откажаа од нов обидот, сметајќи се безбедни од отпаѓање.
Во таква гужва ретко кој можеше да се подобри, а во последните секунди се појавија и жолти знамиња поради излетувањето на Фернандо Алонсо во една од безбедносните зони.
На Алекс Албон, кој беше веднаш зад него, му се чинеше дека Шпанецот тоа го направил намерно. Времето на Ферстапен беше најдобро, а надвор од борбата беа Магнусен, Албон, Латифи, Строл и Шумахер.
Во Q2 сесијата, многумина прво излегоа на употребени црвени гуми, оставајќи нов сет од нив за вториот обид. Само возачите на Ред Бул и Ферари имаа нов сет на гуми, заштедени во првата сесија.
Во првиот обид Саинц Јр. забележа најбрзо време, додека Чарлс Леклер беше веднаш зад него. Како и неговиот тимски колега, Себастијан Ветел, по проблемите со сопирањето на својот болид, заврши во заштитната бариера, но без последици по неговиот Астон Мартин.
Во вторите брзи круга, најпрвин Перез се најде на врвот на табелата, додека Леклер со предното тркало ја допре заштитната бариера и остана втор. Ферстапен го допре ѕидот со задна лева страна и отиде во боксот да провери.
Од понатамошната борба отпаднаа: Ландо Норис, Даниел Рикиардо, Естебан Окон, Гуанју Џоу и Валтери Ботас. Кинезот за прв пат оваа сезона успеа да го победи својот тимски колега.
Во финалната Q3 сесија, на почетокот Карлос Саинц Јр. постави најбрзо време, Леклер повторно направи мала грешка, загуби пет стотинки и остана втор.
Серџо Перез ја закачи бариерата со предното лево тркало, но беше пред Ферстапен за истите пет стотинки.
Во вторите обиди, Себастијан Ветел се врати во својата гаража, прекинувајќи го кругот. Саинц Јр. со многу грешки на почетокот од кругот, па нормално не се подобри, но затоа Чарлс Леклер со извонреден круг изби на првото место.
Во последните секунди возачите на Ред Бул, Серџо Перез и Макс Ферстапен, беа немоќни пред Ферарито па мораа да се задоволат со втора и трета стартна позиција.
Се чини дека болидите на Ферари и Ред Бул имаат слични перформанси, па четворица возачи ќе атакуваат за победата на утрешната трка, која е закажана за 13:00 часот по македонско време.
Кој ќе биде најуспешен?!?
На ова прашање е тешко да се одговори, речиси невозможно. Останува да видиме дали поголемата максимална брзина на Ред Бул ќе биде одлучувачка на најдолгиот правец во Ф1 календарот.
ЛЕКЛЕР НАЈБРЗ ВО БАКУ, НО РЕД БУЛ ИМА БОЛИД ЗА ТРКА
6/11/2022 06:15:00 PM
0
Share to other apps