Изјави од победниците и губитниците на квалификациите за Големата Награда на Азербејџан.
ПОБЕДНИЦИ
Чарлс Леклер, П1: "Освојувањето на Пол позицијата секогаш е добра работа, но оваа е особено задоволувачка бидејќи не ја очекував.
Нашите конкуренти изгледаа посилни, особено во Q1 и Q2."
"Во моето последно возење во Q3, сè се склопи. Мислам дека бев многу блиску до максимумот и многу сум задоволен од мојот круг.
Навистина се радувам на утрешната трка."
"Сакам градски патеки и многу е посебно да се вози на границата со бариерите. Менаџирањето на пневматиците ќе биде клучно. Тоа е елемент на кој добро се снајдовме во изминатите две трки, така што јас сум оптимист и само сакам да ја завршам работата."
Серџо Перез, П2: "На моменти бевме на лимитот, со сите сили се обидувавме да го најдеме најбрзиот круг, но за жал не успеавме да го извлечеме максимумот."
"Имав мал проблем со полнењето гориво на мојот болид во Q3, што значеше дека не бев во можност да ја искористам планираната заветрина во последниот круг, но сепак мислам дека три десетинки веројатно беа премногу за да се намали разликата со Ферари."
"Сè уште сум на првиот ред и ни претстои долга трка каде се може да се случи, особено овде. Ги имаме двата болида помеѓу Ферари, што е добра работа. Утре ќе работиме како тим за да се обидеме да го добиеме Ферари и би било идеално да забележиме еден-два пласман. Ќе ги притиснеме силно."
Џорџ Расел, П5: "Тоа беше оптимизирана сесија, но да се заостанува над една секунда од најбрзото време не е нашата цел, тоа е веројатно најголемата разлика што сме ја имале оваа година."
"Баку е незгодна патека, со најмногу "вистински" свиоци. Мислам дека кругот беше добар, болидот се однесуваше добро, но очигледно разликата не го покажува тоа. Очекуваме толку многу од нас и работиме многу напорно за да донесеме повеќе перформанси, но дефинитивно овој викенд ги извади предностите и слабостите од сите нас."
"Чувството во болидот е во ред, освен на правците, каде секој удар е најригидниот што сум го почувствувал од било кој тркачки автомобил досега и едвај ја гледам зоната на сопирање."
"Но, низ свиоците, болидот се однесува добро, така што знаеме дека не е до балансот на истиот, туку тоа е повеќе до потисната сила. Знаеме дека има многу повеќе перформанси во нашиот болид, но едноставно не знаеме како да ги извлечеме од него."
ГУБИТНИЦИ
Валтери Ботас, П15: "Квалификациите беа малку чудни и дефинитивно не сме таму каде што сакавме да бидеме. Температурата на гумите беше клучен фактор попладнево, и се борев да ги натерам меките да работат во првиот круг."
"Во вториот, чувството беше многу подобро, но за жал, жолтото знаме на крајот на Q2 значеше дека не успеав ни да се обидам. Мислам дека ќе се подобрев, но не било пишано."
"Како и да е, нашето тркачко темпо беше добро и знаеме дека се може да се случи на трката. Јас сум позитивен дека можеме да направиме некое добро претекнување и да се искачиме погоре на гридот."
Алекс Албон, П17: "Мислам дека имавме добра квалификациска сесија и, како тим, максимизиравме се што можевме. Направивме сè како што треба, имавме пристоен болид и ја завршивме работата најдобро што можевме."
"Влегувањето во Q2 денес изгледаше тешко, но, со црвеното знаме, повторно се најдовме ситуација да се бориме. Фрустрирачки е да се биде толку блиску и да не се пласираме. 99% сум сигурен дека ако не згрешев во последниот свиок, ќе имав корист од заветрината и ќе поминевме во Q2."
"Toa е еден од оние денови, но мислам дека денес не можевме да постигнеме многу повеќе. Овде има надеж, бидејќи секогаш има акција и хаос, па ни треба малку од лудилото на Баку!"
Мик Шумахер, П20: "Знаевме дека ќе биде тесно, па фрустрирачки е да не влеземе во кругот бидејќи мислам дека ќе имаше повеќе потенцијал во него. Бевме зад Ленс кога тој ја имаше својата грешка што го уништи мојот круг, што значи дека имавме само еден круг, првиот обид, а знаеме дека овде патеката многу се подобрува со секој изминат круг. Но, тоа е Баку и има многу непознати. Не очекува тешка трка, но се надевам на што подобар исход за нас."
ПОБЕДНИЦИ И ГУБИТНИЦИ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ВО БАКУ
6/11/2022 09:24:00 PM
0
Share to other apps