Преговорите со Формула 1 за трка во главниот град на Азербејџан започнаа во 2013 година, а во март 2014 година беше потпишан прелиминарен договор.
Организацијата на настанот беше спроведена на државно ниво, со што беше истакнат статусот на проектот и неговата важност за земјата.
Трката го имаше своето деби во 2016 година, кога се возеше под името Голема Награда на Европа. Веднаш по првата трка организаторите го сменија името, и настанот ја доби титулата Голема Награда на Азербејџан.
Баку ги нема карактеристиките на останатите градски патеки, бидејќи стартната позицијата на истата не е од големо значење, особено во споредба со Сингапур и Монте Карло. Со своите шест километри е втора по должина на кругот во сегашниот календар, веднаш зад СПА-Франкоршамп. Најдобро и реално остварливо место за претекнување е првиот свиок.
Таа претставува необичен спој на претежно бавни свиоци, за кои е потребна слична конфигурација на потисната сила како во Монако, и многу долги правци, на кои нивото на потисната сила е слично на Монца.
Тимовите се обидуваат да го пронајдат оптималниот сооднос на овие две екстремно спротивни конфигурации во однос на потисната сила. Кратката историја на трката сугерира дека не постои едно решение што одговара на сите предизвици.
Претекнувањето е споредливо со Австрија и Бахреин, патеки каде тоа е лесно остварливо, така што стратегијата со боксевите е повеќе оптимална, отколку реакционална. Загубата на време за влез во бокс е околу 21-секунди, со што патеката во Баку е една од побрзите во однос на оваа карактеристика на трката.
Стратегијата е водена од деградација на гумите, а Пирели ги донесе своите најмеки и најмалку издржливи смеши C3, C4 и C5. Безбедносниот автомобил има потенцијал да влијае на стратегиите затоа што веројатноста за прекин на трката е голема.
Трката за Големата Награда на Азербејџан која се состои од 51 круг, од стратегиоска гледна точка е јасна, во нормални околности ќе гледаме само едно застанување во бокс.
Но, постојат два начини да се пристапи кон истата, а исто така и големата веројатност за излегување на безбедносниот автомобил може целосно да ги сврти работите.
Теоретски најдобриот начин да се започне трката се жолтите гуми, а потоа да се премине на белите до крајот. Ова дава широк прозорец за застанување што го прави добар конзервативен избор.
Возачите ќе го започнат загревачкиот круг во 15:00 часот по локално време, до кога воздухот ќе се загрее до 27 степени со релативно облачно небо и умерен југоисточен ветер. Врнежи не се очекуваат.
Оние кои сакаат да пробаат нешто поризично може да ги користат црвените гуми за почетнбиот стинт, па потоа трката да ја финишираат на белите. Црвените гуми ќе испорачаат малку дополнителна брзина на почетокот, но тоа значи порано одење во бокс и повнимателно нивно менаџирање.
Двете споменати стратегии се добри, но големата непознаница е безбедносниот автомобил, кој би можел да понуди екстра брз пит-стоп во секој момент. Но, имаше и трки во Баку кои беа неверојатно чисти, така што тоа не е нешто на кое некој може да се потпре.
Она што е сигурно е дека со стратегијата со две застанувања е јасно побавна, и освен ако не постои многу добра причина не е препорачливо да се употреби.
Марио Изола, Пирели: "Црвените гуми се користеа од почетокот до крајот на квалификациите, при што многу возачи избраа наизменични брзи круга, проследени со еден или два круга за ладење на истиот сет на гуми, додека патеката продолжи да еволуира."
"Црвените гуми исто така беа во фокусот на Т3, кој се одржа во исто време, кога започнува денешната трка, така што можеме да очекуваме дека ќе има значајна улога."
"Постојат неколку различни опции за стратегија, но се чини дека со едно застанување е јасен избор на хартија."
"Интересно е тоа што многу тимови задржаа два комплети од белите гуми за трката, можеби размислувајќи за можноста за црвени знамиња или други нарушувања."
ДЕН ЗА ТРКА, НАЈАВА НА АЗЕРБЕЈЏАН ГРАН ПРИ
6/12/2022 10:43:00 AM
0
Share to other apps