ФИА издаде нова техничка директива со која им дава насоки на тимовите за мерките што има намера да ги преземе за да се справи со проблемот на вертикалните осцилации на 2022 болидите.
Тие вклучуваат:
1. Повнимателно испитување на подовите на болидите, како во однос на нивниот дизајн, така и во однос на забележаното абење;
2. Дефиниција на метрика, базирана на вертикалното забрзување на болидот, која ќе даде квантитативна граница за прифатливо ниво на вертикални осцилации.
Точната математичка формула за оваа метрика сè уште се анализира од страна на ФИА, а Ф1 тимовите се поканети да придонесат во овој процес.
Покрај овие краткорочни мерки, ФИА ќе свика технички состанок со тимовите со цел да се дефинираат мерки кои ќе ја намалат склоноста на болидите да прикажуваат вакви појави на среден рок.
ФИА одлучи да интервенира по консултација со своите лекари во интерес на безбедноста на возачите.
Во спорт каде што натпреварувачите рутински возат со брзина поголема од 300 км/ч, се смета дека целата концентрација на возачот треба да биде фокусирана на таа задача и дека прекумерниот замор или болка што ги доживува возачот може да има значителни последици доколку резултира со губење на концентрацијата.
Покрај тоа, ФИА има загриженост во врска со непосредното физичко влијание врз здравјето на возачите, од кои голем број пријавиле болки во грбот по неодамнешните трки.
UPDATE: Неофицијално според АМУС, според ТД039, пред започнувањето на саботниот тренинг ФИА ќе постави ограничувања за нивото на вертикалните осцилации.
Ако тимот не може да обезбеди поставка на болидот за која се смета дека е безбедна, тие мора да го подигнат подвозјето за 1 см.
Болидите ќе бидат дисквалификувани, ако вертикалните осцилации сè уште се над границите.
На крај, плачките на возачите на Мерцедес АМГ можеби ќе имаат контраефект по нив, бидејќи W13 работи само во мал прозорец на подесување. Ферари има поголема слобода во однос на висината на болидот, додека Ред Бул ќе биде најсреќен поради новата техничка директива.
Особено се задоволни од оваа ТД на ФИА и од Алфа Ромео, Алпин и Астон Мартин кои немаа поголеми проблеми со вертикални осцилации и беа против измена на правилата, само затоа што некои имаат проблеми.
ФИА СО НОВА ТЕХНИЧКА ДИРЕКТИВА
6/16/2022 06:37:00 PM
0
Share to other apps