Големата Награда на Австралија ќе продолжи да се одржува во Мелбурн до 2035 година. Формула 1 објави дека го обновила договорот со градот Мелбурн, што претставува продолжување за уште десет години за патеката која влезе во календарот во 1996 година.
Како новина, од следната година ќе бидат вклучени и трки од Формула 2 и 3 Шампинатите.
Оваа година, Големата Награда на Австралија привлече 419.000 фанови, што го прави најголемиот спортски настан во австралиската историја и доказ за љубовта кон Формула 1 на локалните жители.
Датумот на Големата Награда на Австралија во 2023 година допрва треба да се дефинира и зависи од распоредот на останатите трки и одобрувањето на Светскиот совет за моторни спортови на ФИА.
Во текот на изминатите две години, организаторите на трката инвестираа во модернизација на патеката, а тој процес ќе прооджи и ќе ги зафати падокот и боксевите.
Стефано Доменикали, претседател и извршен директор на Ф1: "Среќен сум што можам да потврдам дека Мелбурн и патеката Алберт Парк ќе останат во календарот на Формула 1 до 2035 година. Оваа трка отсекогаш била сакана од фановите, возачите и тимовите, а Мелбурн е неверојатен и енергичен град кој совршено одговара за нашиот спорт."
Ендрју Вестакот, извршен директор на AUSGP: "Оваа сензационална најава значи многу за Мелбурн и државата Викторија. Таа продолжува да придонесува за нашата богата историја на мотоспортот, а исто така и за љубовта на Мелбурн кон големите спортски настани и ќе биде инспирација за следната генерација на австралиски мотоспорт ѕвезди."
Австралија постигна договор да отвори пет од следните 13 Формула 1 сезони. Ова беше едно од барањата што Алберт Парк ги побара за да остане во календарот на најголемиот циркус.
Големата Награда на Австралија ќе ги отвори сезоните 2024 и 2025 и најмалку уште три во наредните години. Во годините кога настанот нема да ја отвори новата сезона, трката ќе го има своето место како втора или трета во календарот.
ОФИЦИЈАЛНО: МЕЛБУРН ОСТАНУВА ДОМАЌИН НА Ф1 ТРКИ ДО 2035 ГОДИНА
6/16/2022 11:25:00 AM
0
Share to other apps