Макс Ферстапен го постави најбрзото време за петочните тренинг сесии за Големата Награда на Канада, која се вози на патеката Жил Вилнев во Монтреал. Холанѓанецот тесно ги победи Ферари, и беше за само 0.081 делови од секундата побрз од Чарлс Леклер.
Сите прогнози ветуваа дожд на петочните сесии, но и вториот тренинг помина на сув асфалт со температура од 42ºC. Први на патеката излегоа возачите на Алфа Ромео, но набрзо се придружија и поголемиот број останати возачи. Немаше време за губење пред евентуалното доаѓање на дождот.
Возачите на Мерцедес АМГ малку задоцнија, затоа што механичарите ја вратија претходната верзија на подот и ги сменија поставките.
Валтери Ботас, иако прв излезе на патеката, не успеа да комплетира нити еден круг, по што се врати во својата гаража, поради проблеми со кумплунгот. Набрзо излезе повторно, но проблемот се уште беше присутен, по што се врати во својата гаража и ја пропушти целата сесија.
Себастијан Ветел беше пуштен од својата гаража токму пред Магнусен, кој минуваше низ пит-линијата, инцидент кој стјуардите го разгледуваат по завршувањето на тренингот.
Асфалтот на оваа канадска патека, како и секоја градска, отсекогаш бил нерамен, но со цврстата и ниска амортизација на 2022 болидите, возачите го чувствуваа секој удар со целото тело, па дури и оние кои обично немаа проблеми се жалеа на потскокнувањето на болидите.
Порано рабниците беа активно напаѓани, сега возачите се обидуваа да ги заобиколат што повеќе, особено на излезот од последниот свиок пред старно/целниот правец, како не би завршиле во ѕидот на шампионите.
Една таква екскурзија имаше Карлос Саинц Јр., откако мина низ рабниците, излета од патеката со сите тркала, но ништо не се случи. Многумина, по грешките при сопирање, ги кратеа првиот и деветтиот свиок, но Гасли, Ветел и Строл, откако го пресекоа 14-от, се вратија на патеката од погрешната страна на знакот, прекршувајќи ги упатствата на тркачкиот директор. Стјуардите ги разгледуваат и овие инциденти.
Во 23-та минута беше воведен режим на виртуелен безбедносен автомобил, затоа што по патеката се тркалаше лименка од пиво, па еден од маршалите мораше да ја напушти својата позиција за да ја отстрани.
Интересно е да се напомене дека Чарлс Леклер беше единствениот возач кој возеше само на црвените гуми, како да се подговуваше за неделна трка со многу претекнувања и агресивен настап на најбрзата смеша.
Се ова по најавите за казна од 10-позиции, која беше засилена со шпекулации за старт од последниот ред на неделната трка, поради целосна промена на деловите од неговата погонска единица.
До завршувањето на овој извештај од ФИА потврдија дека Ферари одлучил да ја смени електронската контролна единица во болидот на Чарлс Леклер, што носи казна од десет позиции.
Пред официјално да започне тркачкиот викенд во Канада, ФИА изненади со нова техничка директива, со која сакаше да ги ограничи вертикалните осцилации на болидите.
Откако денес увидоа дека тоа не е така едноставна задача, воведувањето на оваа директива нема да донесе последици по тимовите за време на Канадското Гран При, т.е. таа е одложено барем до Силверстон.
ФЕРСТАПЕН УШТЕ ПОБРЗ, ЛЕКЛЕР ГУБИ СТАРТНИ ПОЗИЦИИ
6/18/2022 01:12:00 AM
0
Share to other apps