Фернандо Алонсо беше најрасположен за првото место на саботниот тренинг пред квалификациите во Канада. Шпанецот го забележа најбрзото време со зелените интермедија гуми, во сесија каде што дождот го имаше главниот збор, а акцијата на патеката беше минимална. Пјер Гасли е втор, а Себастијан Ветел трет.
Единствено Чарлс Леклер не учествуваше во акцијата, но тоа е така затоа што утрешната трка, заедно со Јуки Цунода, ќе ја започнат од последниот ред.
Моначанецот, во текот на вчерашниот ден, доби нова компјутерска единица, губејќи десет места, и како што се очекуваше денес доби целосно нова ПЕ, по што ќе мора да стартува од последниот ред, но доби резервни делови за идните трки.
Леклер доби четврти мотор, четврти турбо полнач, четврти MGU-H и MGU-K и петти издувен систем. Покрај тоа, Карлос Саинц Јр. доби трет мотор, но тој е во рамки на дозволениот број, па затоа не следува казна.
На почетокот од тренинг сесијата беа користени сините гуми за дожд, а патеката стана доволно сува за интермедија гуми во последните 20-тина минути. Така, подобрувањето на патеката придонесе акцијата да се зголеми нагло во последните моменти.
На пет минути до крајот, двата Ред Була ги комплетираа своите кругови на интермедија гумите, иако без да забележат репрезентативно време. Перез беше деветнаесетти, пет секунди зад најдоброто време, а Ферстапен седумнаесетти, со заостанување повеќе од четири секунди.
На врвот, Фернандо Алонсо учетвуваше во текот на целата сесија, се чувствуваше добро на влажниот асфалт и беше најбрз и на двете гуми за влажна патека.
Ферстапен ги искористи завршните моменти за да го исфорсира нешто повеќе својот болид, но РБ18 не беше загреан, па Холанѓанецот првично излета надвор од патеката, но без поголеми последици.
Конечно, во третиот круг, тој успеа да се искачи на седмата позиција, веднаш зад неговиот тимски колега. Секако, многу од времињата не може да ги сметаме за релеватни, поради малата минутажа помината на патеката. Се ќе биде познато на квалификациите кои започнуваат во 22:00 часот по македонско време.
ФЕРНАНДО АЛОНСО НАЈБРЗ НА ДОЖДОТ
6/18/2022 08:28:00 PM
0
Share to other apps