Најновите гласини, кои треба да се официјализираат по донесување на новите правила за 2026 годна, велат дека Ауди решил да го купи Формула 1 тимот на Заубер, и тоа во неколку фази.
Првата трансакција за купување 25% од акциите ќе биде завршена во 2023 година, следните две година уште по 25% од акциите.
Договор е вреден 440 милиони евра со кој Ауди на крај ќе поседува 75% од Заубер. Информацијата ја пренесе британскиот новинар Џо Савард.
Останатите 25% ќе му припаднат на Фин Раусинг, еден од сопствениците на Тетра Пак Лавал.
Тимот ќе продолжи да се вика Алфа Ромео и да користи мотори на Ферари до крајот на 2025 година. Потоа ќе стане Ауди, а моторите ќе ги произведува Audi Sport GMbH во Германија.
Кога сме веќе кај новости на оваа тема, да споменеме дека претставници на високиот менаџмент на Хонда ќе ја посетат претстојната трка за Големата Награда на Австрија, што дава повод за нови гласини за можното враќање на јапонската корпорација во Формула 1.
Во Формула 1 сметаат дека Хонда веќе зажалила за одлуката да го напушти шампионатот, бидејќи болидите на Ред Бул и Алфа Таури веќе немаат јасно видливи логоа на јапонската компанија.
Планираната посета на репрезентативна делегација во која ќе бидат се Тошихиро Мибе, извршен директор на корпорацијата, потпретседателот Сеиџи Кураиши, како и Коиџи Ватанабе, претседател на HRC и Јасуаки Асаки, шеф на одделот за трки на компанијата и шеф на одделот за истражување. Сите ќе пристигнат на покана на Ред Бул.
На утрешната седница на комисијата за Формула 1 се очекува да бидат одобрени техничките прописи за новата генерација на погонски единици за 2026 година, на која доколку учествуваат и претставници на Хонда значително би ги подгреало гласините за нивно враќање во Ф1 шампионатот.
Гласини се дека доколку јапонската компанија продолжи со учество во шампионатот во иднина, тогаш тоа нема да биде само како снабдувач на мотори, туку ќе создаде сопствен фабрички тим. Засега за овој развој на настаните шансите се минимални.
Се разбира, ова е исклучително сложен и скап проект, но, Хонда веќе има искуство во Формула 1 и веќе имаат одлични мотори и едно од сценаријата би можело да биде купувањето на тимот АлфаТаури од Ред Бул, иако е рано да се зборува за ова сериозно.
Секако, од 2026 година Ред Бул не ќе може да ја користи нивната технологија, доколку дојде до соработка со Порше. А зошто толку супериорна технологија да стои неискоростена, па ние навиваме за останување на Хонда во Формула 1 шампионатот.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.