Девет од десетт тимови потврдија дека донеле нови делови за Големата Награда на Франција.
Хас, кој првично планираше да донесе значителна надградба за нивниот VF-22 за оваа трка, ја одложи таа надградба за следната трка во Унгарија.
Мекларен и АлфаТаури се болидите кои имаат најобемни измени. Надградбата на АлфаТаури во голема мера е фокусирана на подобрување на перформансите на болидот во брзите и медиум свиоци, додека Мекларен се фокусира на издржливоста на нивниот болид, но тоа секогаш носи и перфоманси.
Многу од тимовите имаат измени карактеристични за најавеното пеколно време и конфигурацијата на патеките Пол Рикар и Хунгароринг. Некои тимови исто така посочија и други промени на нивните болиди кои не се појавуваат во деталите издадени од ФИА.
Така, тимовите кои користат Ферари ПЕ имаат нов дизајн на ламелата и потисна, што има за цел да ги подобри нивните стартови.
МЕРЦЕДЕС АМГ
Ивица на подот - Нов заден заоблен раб на подот пред задната гума, што го подобрува протокот во дифузорот, што пак носи поголема потисна сила.
Преден дел - Додадени внатрешни решетки на излезот на каналот за ладење на предните сопирачки, за подобро ладење на дискот.
РЕД БУЛ
Преден дел - Ревидирани геометрии на влезовите на Вентури каналите што се протегаат до работ на подот за подобра распределба на притисокот и стабилноста на протокот.
Заден дел - Ревидирана каскада на горните крила за да се добие локално оптоварување без прекин на каскадата на долните крила или соседниот излез на каналот на сопирачките.
ФЕРАРИ
Под - Ажурирани геометрии на предниот/средниот дел од подот и на дифузерот, што за цел има подобрување на севкупните аеродинамички перформанси на болидот.
МЕКЛАРЕН
Задно крило - Крајната плоча на задното крило е изменета за да се избегне загриженоста за сигурноста по трошењето на претходните трки.
Капак за мотор - Нова форма на страничните отвори за воздух и нова положба на ретровизорот, што има за цел да го подобри целокупното оптоварување на двете оски во врска со подот.
Отвори за ладење - Дополнителен панел за разладување е дизајниран и донесен на оваа трка со намера да се овозможи поголема слобода во регулацијата на ладење и аеродинамични перформанси на новите странични отвори за воздух.
Под - Нов дифузер, геометрија на подот и ивица на подот на подот што има за цел да го подобри целокупното оптоварување на двете оски со прераспределување на локалното вшмукување околу подот.
Заден дел - Нов систем од канали за ладење на задните сопирачки.
АЛПИН
Ивица на подот - Ревидираната ивица на подот што обезбедува подобар проток во задниот дел од болидот.
АЛФАТАУРИ
Под - Влезот до подот е преобликуван, долна страна е репрофилирана. Промените се насочени за зголемување на потисната сила, но исто така и на извлекување повеќе перформанси од вртлогот генериран од влезовите на вентури каналите што минуваат под подот.
Влез на вентури каналите - Надворешните делови се пократки, со што се генерираат подобри вортекси.
Ивица на подот - Работ на подот сега е потесен со рез што создава раб усогласен со болидот, што помага да се подобрат перформансите на подот за да се извлече поголема потисна сила од задниот дел на подот и дифузорот.
Дифузор - Додадена е поголема задна обвивка на задниот раб на дифузорот и сечењето во страничниот ѕид е отстрането. Отстранувањето на отсечениот страничен ѕид му овозможува на дифузорот да одржува поголемо оптоварување искористувајќи ги подобрувањата во протокот како резултат на останатите промени на каросеријата и работ на подот.
Капак за мотор - Главната горна површина остана слична, создавајќи вдлабнатина во горниот дел што го подобрува квалитетот на проток кон задниот дел на болидот, како и на протокот кон новиот раб на подот.
АСТОН МАРТИН
Ивица на подот - Околу предната ивица на подот е додадена клапа. Оваа модификација функционира локално, за подобрување на работата на долниот дел од подот.
ВИЛИЈАМС
Преден дел на подот - Ревидиран дизајн на вкопување на шасијата со предниот дел од подот, што би требало да овозможи побезбедно минување низ рабниците, давајќи му на возачот зголемена слобода за избор на тркачката линија.
АЛФА РОМЕО
Заден дел - Модифициран задолжителен долен дефлектор на задниот барабан, со што се подобрува управувањето со протокот на воздух во регионот и обезбедува зголемување на перформансите.
Ф1 БОЛИДИ - СИТЕ ИЗМЕНИ ЗА ТРКАТА ВО ФРАНЦИЈА
7/22/2022 02:39:00 PM
0
Share to other apps