Чарлс Леклер го забележа најбрзото време на првиот тренинг за Големата Награда на Франција. Моначанецот за нешто помалку од една десетинка пред Макс Ферстапен, додека Карлос Саинц Јр. беше трет.
Викендот во Франција, а со тоа и на патеката Пол Рикар, ќе биде жежок. Поради екстремните временски услови, прогласен е аларм од портокалово ниво. Тимовите на своите болиди користат максимална конфигурација на системите за ладење, но, и покрај тоа нема да им биде лесно. За време на првиот тренинг имавме незгоден ветер помеѓу свиоците осум и девет.
На првиот тренинг имавме привремени замени во два тима, Ник де Врис седна зад воланот на Мерцедесот АМГ на Луис Хамилтон, а Роберт Кубица го замени Валтери Ботас во Алфа Ромео.
Сите тимови, освен Хас, донесоа одредени надградби и ја посветија првата сесија на проценка на нивната ефикасност.

Веднаш по излегување на патеката, Роберт Кубица мораше се врати во боксот, бидејќи инженерите на Алфа Ромео видоа аномалии во телемтријата од неговиот болидот. Десет минути подоцна Полјакот повторно беше во можност да замине во акција на жешкиот асфалт.
Широките безбедносни зони за излетување овозможуваат возачите да бидат прилично мирни во пронаоѓање на лимитите на нивните болиди. Серџо Перез имаше незгодно извртување на излез од третиот свиок, Рикиардо излета во 12-от, Ветел во првиот, се без последици по болидите. Заштитна лента од кацига се заглави во задната амортизација на болидот на Перез, па тој мораше непланирано да влезе во бокс, за таа да биде отстранета.
Карлос Саинц Јр. за почеток доби нова контролна единица, што значи губење на 10 стартни позиции. Но, останува да видиме колку нови делови од Ферари ПЕ ќе бидат сменети. Па, како што беше најавено, Шпанецот би требало да ја стартува неделната трка од последниот ред.