Првата и единствена позначајна надградба, што за овој викенд ја донесе тимот на Хас, очигледно црпи инспирација од дизајнот на Ферари. Тимот потврди дека донел нов под, капак над моторот, нова каросерија и отвори за ладење, задна амортизација и други промени. Новите делови ќе се користат само на болидот на Кевин Магнусен.
Гинтер Штајнер, тимскиот шеф, призна дека неговите инженери како инспирација за својата надградба го користеле болидот на Ферари, Ф1-75.
"Постојат три концепти на гридот. Постои концептот на Ферари, концептот на Ред Бул и концептот на Мерцедес АМГ. Поблиску сме до Ферари, па очигледно дека нашиот избор беше будно следење на тоа што ќе направи Ферари и да го ископираме тоа. Но, за тоа беше потребно подолго време, бидејќи моравме да работиме на техничката реализација."
"Усвојувањето на дизајнерската филозофија на Ферари беше очигледен избор за Хас, бидејќи ги користиме нивните погонската единица, менувач и други останати компоненти на Ферари."
"Очигледно, ако го имате истиот концепт како Ферари, нема сигурно да го копирате Вилијамс. Вие копирате нешто што е слично."
Повеќето од нивните конкуренти донесоа ревизии на задниот дел од нивните болиди за барањата за високока потисна сила на Хунгароринг. За овој викенд, само Ферари и Вилијамс не донесоа нови делови на своите болиди.
ХАС
Под - Главното подвозје и дифузорот значително се променија во областа на протокот на воздух. Еволуцијата има за цел зголемување на потисната сила и подобро управување со висината на болидот.
Вентури канали - Влезните делови на овие канали се подобро оптимизирани во закривеност и ориентација за подобар проток во ажурираното подвозје.
Ивица на подот - Работ на подот е во голема мера сличен на нашето постоечко решение со повеќе геометриски промен. Геометриските промени се неопходни за подобро да се кондиционираат рабните текови кои се во интеракција со ажурираното подвозје.
Капак за мотор - Комплетно нов капак над погонската единица. Воведовме дополнителен излез за ладење околу задната суспензија. Еволуцијата на формата овозможува подобро да управуваме со протокот на воздух низ елементите што произведуваат потисна сила.
Отвори за ладење на каросеријата - Новиот облик на каросеријата над ПЕ резултира со еволуција на нови отвори за ладење кои го покриваат опсегот на ладење потребен за остатокот од сезоната.
Задна амортизација - Целосна ревизија неопходна за најдобро усогласување со почетните текови условени од новата каросерија.
Заден дел - Задните сопирачки се редизајнирани кај предниот раб, а крилата се ревидирани во бројот и деталите на профилите. Новите канали за ладење на задните сопирачки ги намалуваат загубите на протокот кон крилата што лежат зад нив. Подобрениот проток до крилата овозможи еволуцијата на профилите за да се зголеми локалното оптоварување и подобро да се управува со нивната интеракција со задното крило.
МЕРЦЕДЕС АМГ
Хало - уредување на протокот. Додадена летва на облогата на Хало системот за подобрување на протокот кон задниот дел на болидот.
Задно крило - Нови врвови на задните крила. Го зголемува забрзувањето на протокот под задното крило, со тоа се зголемува локалното оптоварување и тракција. Ова е нашето крило со максимална потисна сила.
Крилца под задно крило - Нови зголемени елементи за зголемување на локалното оптоварување и оптоварувањето на дифузорот.
РЕД БУЛ
Крилца под задно крило - Ревидирана геометрија на крилцата за поголемо локално оптоварување.
МЕКЛАРЕН
Преден дел - Ажурирана геометрија на предниот дел се одликува со модифициран внатрешен канал и зголемена излезна површина што резултира со подобрено ладење на предните сопирачки.
Дифузор - Додадени се делчиња за уредување на протокот на долната страна на подот за да се подобрат структурите на локалниот тек низ опсегот на работа.
АЛПИН
Крилца под задно крило - Ревидиран надворешен крај на крилцата кое има за цел намалување на отпорот со многу мала загуба на потисна сила во споредба со претходната верзија од Барселона и Монако.
АЛФАТАУРИ
Крајна плоча на задното крило - Ревидираната геометрија на задното крило обезбедува подобри оптимални перформанси за специфичните карактеристики на патеката Хунгароринг.
АСТОН МАРТИН
Задно крило - Оваа верзија на задното крило е со максимална потисна сила за да одговара на карактеристиките на патеката.
АЛФА РОМЕО
Под - Ажуриран под со репрофилирани елементи, кој треба да генерира поголема потисна сила, со маргинално зголемување на отпорот.
Ф1 БОЛИДИ - СИТЕ ИЗМЕНИ ЗА ХУНГАРОРИНГ
7/29/2022 02:37:00 PM
0
Share to other apps