Првиот тренинг за Големата Награда на Унгарија донесе голема еднаквост меѓу двата возачи на Ферари и Макс Ферстапен од Ред Бул. Карлос Саинц Јр. го имаше најбрзото време, холанѓанецот беше втор, една десетинка поназад, а Чарлс Леклер беше трет, и му фалеа две десетинки до најбрзото време.
За време на викендот на Хунгароринг има големи шанси за дожд и грмотевици, најмногу за сабота, а денес беше речиси исто толку топло како минатата недела во Пол Рикар.
Пирели ги донесе истите смеши, кои што беа во Франција. Во Алфа Ромео втор викенд по ред Роберт Кубица привремено го замени Валтери Ботас на првиот тренинг, останатите тимови работеа со главните возачи.
Ред Бул споредуваше различни решенија на болидот на Перез, па Мексиканецот се појави на патеката со аеродинамички сензори, како и Ландо Норис во Мекларен.
Перез се пожали на алергии, кивна повеќе пати додека го возеше РБ18, по што се врати во својата гаража.
Хас донесе сериозно надграден болид, но само еден, кој го доби подобро пласираниот возач во тимот, а тоа е Кевин Магнусен, додека Мик Шумахер ја возеше старата верзија на VF22.
Сесијата помина без проблеми. На самиот почеток, Алонсо за малку не удри во Строл, кој на излезот од третата кривина ја намали брзината, па Шпанецот мораше да излезе надвор од патеката за да избегне контакт.
Хамилтон, Алонсо и Цунода имаа мали излетувања, без последици по нивните болиди.
КАРЛОС САИНЦ ЈР. НАЈБРЗ НА ПРВИОТ ТРЕНИНГ
7/29/2022 03:26:00 PM
0
Share to other apps