Формула 1 долго време работи на календарот за сезоната 2023 година, кој ќе биде формиран на територијална основа со цел да се намали бројот на летови помеѓу тркачките викенди. Проектот сè уште не е претставен на пошироката јавност, но некои информации за новиот календар сепак протекоа во медиумите.
Според овие, засега само гласини, 2023 сезоната во Формула 1 ќе стартува со Големата Награда на Бахреин, која ќе се одржи на 5 март. Според ова, новиот шампионат ќе започне две недели порано од тековниот, и ќе му претходат три тест дена во Бахреин.
Две недели по трката во Сахир ќе се вози трка во Саудиска Арабија, а една недела подоцна, Ф1 карванот се сели во Австралија. Календарот ќе вклучува 23 или 24 трки, во зависност од тоа дали ќе може да се одржи Големата Награда на Кина. Судбината на трката во Шангај зависи од одлуката на кинеските власти да ги укинат ограничувањата за ковид.
За трките во Франција и Белгија нема да има место во календарот. Сепак, СПА-Франкоршамп сè уште има шанса да организира трка во 2023 година доколку од игра отпадне трката во Јужна Африка. Во исто време, трката за Големата Награда на Монако ќе остане на календарот, според прелиминарните информации, организаторите на овој настан успеале да издејствуваат нов договор со Формула 1.
2023 ГОДИНА ЌЕ БИДЕ РЕКОРДНА ВО ФОРМУЛА 1
7/05/2022 06:36:00 PM
0
Share to other apps