Макс Ферстапен го загуби водството на Британското ГП со губење на брзината во 12-от круг. Возачот на Ред Бул мислеше дека има дупната гума поради остатоци на патеката и замина во бокс за промена на гуми.
По враќањето на патеката неговиот болид сè уште немаше брзина. По финишот на трката се покажа дека губењето на брзината се должи на парче од болидот на АлфаТаури заглавено во подот на РБ18.
Јуки Цунода ја уништи трката не само за него и неговиот тимски колега, Пјер Гасли, удирајќи во него во 11-от круг, туку и на лидерот во шампионатот Макс Ферстапен.
Холанѓанецот објави фотографија на социјалните мрежи на која позира со фаталниот остаток. Судејќи по неговата насмевка, неуспехот во Силверстон не го вознемири премногу, а тој е решен да се врати на врвот на домашната патеката на Ред Бул.
Во Силверстоун, Макс Верстапен заврши без пласман на победничкиот подиум за прв пат оваа сезона. Консултантот за моторспорт на Ред Бул, Хелмут Марко ги коментираше резултатите од трката, на која лидерот во шампионатот освои шест бода за седмото место.
Хелмут Марко: "Макс беше побрз од возачите на Ферари, но помина низ остатоци од карбонски делови на патеката. Неговата првична реакција беше дека болидот не може да се контролира како треба."
"Нормално, пред се мислевме дека има дупната гума. Го повикавме во бокс, но таму дознавме дека се е во ред со гумите. Нашиот болид има многу сензори и камери, кои не покажуваа на некој проблем, па беше одлучено дека е безбедно да се продолжи трката."
"Но, кога се врати назад на патеката, повторно јави дека нешто не е во ред, дека нешто e скршено! На крајот од трката, се покажа дека дел од предното крило на Јуки Цунода е заглавено во Вентури каналите, што доведе до губење на 20% од потисната сила. Кога тоа се пресмета во времињата по круг, тогаш тоа доведе до загуба од една и пол до две секунди!"
"Дури размислувавме да го повлечеме од трка за да го штедиме моторот, но решивме да продолжиме, што се покажа како правилна одлука, бидејќи немаше технички проблеми со болидот“.
ЈУКИ ЦУНОДА ГЛАВЕН ВИНОВНИК ЗА ПРОБЛЕМИТЕ НА МАКС ФЕРСТАПЕН
7/05/2022 08:11:00 PM
0
Share to other apps