Ред Бул Ринг е домаќин на вториот викенд со саботен спринт од 2022 Формула 1 сезоната. Патеката се наоѓа на Алпите на надморска височина од околу 660 метри. Таа има STOP/GO карактеристики, со висока просечна брзина, висока максимална брзина и средно побарување во однос на потисната сила.
Таа е спој на брзи правци со бавни и средно брзи свиоци, т.е. основата ја чинат 4-те правци кои завршуваат со остри свиоци, што значи дека добрата тракција и максималната брзина на правците се главните фактори за што побрз круг.
Има три места каде максимално се оптоваруваат сопирачките, но времето кое возачите остануваат со ногата на сопирачката е релативно ниско и се проценува на околу 9 секунди.
Сопирањето е во блиски интервали и тоа го отежнува ладењето на сопирачките, но и поради присуството на поредок воздух.
Патеката нуди повеќе можности за претекнување, не само поради присуството на три ДРС-зони, туку и нејзината широчина од 12 метри.
Сепак, главната можност за претекнување е третиот свиок (Ремус), каде што возачите по наглото сопирање се движат низ овој свиок во прва или втора брзина.
Како контраст на него е 9-от свиок (Ринт), кој возачите го поминуваат во шеста брзина и ги бараат лимитите на нивниот болид и нивната решителност.
Големата награда на Австрија се состои од 71 круга поради кратката должина на патеката. Пирели ги номинираше најмеките смеши од својот опсег, но дури и со нив најбрзата стратегија е со едно застанување во бокс и тоа почетен стинт на жолтите, па финиш на трката на белите гуми.
За возачите кои стартуваат подолу во поредокот, не е исклучен старт на белите гуми, оставајќи избор помеѓу црвените и жолтите за последниот стинт.
Во нормални услови стратегијата со две застанувања во бокс е побавна, но најдобриот начин да се направи тоа би бил со користење на сите три гуми: жолти, бели, и на крај црвени.
Има разумно висока веројатност за излегување на безбедносниот автомобил, на патека која не простува грешки, така што тоа може да влијае за две застанувања во бокс.
Временската прогноза најавува мали врнежи од дожд за претпладне, што не би требало да влијае на трката, но ќе влијае на состојбата на патеката. Температурите на патеката се очекува да бидат во голема мера слични на вчерашните, така што податоците собрани од спринтот ќе бидат многу релевантни.
Марио Изола, Пирели: "За време на спринтот, тимовите можеа да добијат корисни податоци за жолтите гуми, кои ќе треба да се искористат за трката, која што по се изгледа веројатно ќе биде старт на жолти и премин на белите гуми"
"Двете најмеки смеши се покажаа добро, а жолтите гуми беа поконзервативниот избор што ги направи најпопуларна опција за спринтот. Црвените гуми ги избраа четворица возачи почнувајќи подолу на гридот, а Ленс Строл со Астон Мартин добро ги искористи за да напредува четири места."
Механичарите на Алпин се решија да ја сменат Рено погонската единица во болидот на Фернандо Алонсо. Шпанецот не можеше да учествува во саботниот спринт поради проблеми со ЕРС-системот.
Како мерка на претпазливост, Алпин одлучи да ја смени ПЕ пред почетокот на трката, а бидејќи Фернандо требаше да стартува 19-ти, казната за замена нема да има значително влијание на неговата стартна позиција.
По четвртата промена на Ферари ПЕ, Валтери Ботас требаше да стартува последен, но тимот ги прекрши правилата во PARC FERME, па Финецот ќе ја започне трката од пит-линијата.
Алфа Ромео ги смени поставките на амортизацијата и го замени задното крило на болидот на Валтери со нова спецификација, што е забрането. Покрај тоа, Ботас доби петта турбина и петта MGU-H за да создаде резерва за понатамошните трки.
Ова е домашна патека за Ред Бул, тим кој во своите почетоци беше исмејуван како "ништо друго освен производител на газирани пијалоци" кој одлучува за сè со пари.
Но, во спортот главнo мерило се резултатите, а со текот на годините и ставот се менува. Ред Бул дебитираше во 2005 година, досега има учествувано на 335 Гран При трки, победи на 82 од нив, освојувајќи пет шампионски титули.
Трибините се исполнети до максимум и обоени во портокалово со фановите на Макс Ферстапен, кој на оваа трка доаѓа како лидер на шампионатот и апсолутен фаворит за Победа.
Минатата година, Холанѓанецот победи на двете трки во Шпилберг, а оваа сезона веќе забележа шест победи. Ферари доаѓа како нивни најголем ривал, но ова "гостување" нема да биде лесно.
Тимот често греши, дури и кога има предност, а рацете на нивните стратези трепарат кога треба да се ризикува, и донесе брза одлука. Во Ред Бул не само што знаат да работат под притисок, туку умеат и да го создадат.
Со Големата Награда на Австрија завршува првата половина од 2022 сезоната. По трката во Шпилберг, за деветнаесет недели ќе имаме уште единаесет тркачки викенди, од кои четири недели се задолжителен летен одмор.
Втората полусезона би требало да донесе уште поблиска борба во која големи шанси да се вклучи има и тимот на Мерцедес АМГ, но прашање е дали тоа ќе биде доволно за шампионските титули да не бидат решени многу пред крајот на сезоната.
Со ограничените буџети, повеќето тимови рано ќе се префрлат на развој на болидот за следната година, Мекларен прв повлече нога, а иако формално регулативите нема многу да се менуваат, односот на силите во 2023 година ќе биде сосема поинаков. Многу ќе се препишува, имплементира од тековната сезона.
За крај да ја споменеме и најновата глупост на раководството на Формула 1! Во последно време се како мува без глава со угодување на шампиончето, доста веќе со ГЛУПОСТИ!!! ДОСТА!!! Ако сакате театарска публика кажете дека организирате ТЕАТАР!!!
За време на досегашниот викенд за Големата Награда на Австрија, голем број фанови објавија на социјалните мрежи извештаи за навреди и вознемирување на трибините на патеката во Шпилберг.
Формула 1 веднаш реагираше со ГЛУПО соопштение, ветувајќи дека ќе погледне што се случува и ќе преземе акција.
"Ние сме свесни за извештаите дека некои фанови биле предмет на целосно неприфатливи коментари од други учесници на настанот. Го покренавме ова прашање на состанок со промоторот на трката и обезбедувањето на патеката."
"Ние ја сфаќаме оваа тема многу сериозно и ќе разговараме со оние кои ги пријавија инцидентите. Ваквото однесување е неприфатливо. Сите фанови мора да бидат третирани со почит."
ДЕН ЗА ТРКА, НАЈАВА НА АВСТРИСКОТО ГРАН ПРИ
7/10/2022 11:13:00 AM
0
Share to other apps