Кога тркачкиот директорот, Чарли Вајтинг, ненадејно почина за време на трката во Австралија во март 2019 година, федерацијата мораше да бара привремена замена за да ги спроведе сите процедури за тркачкиот викенд.
Тогашниот тркачки директор на австралиската V8 Supercars серија, Мајкл Маси, кој претходно неколку пати беше стјуард во Формула 1, беше назначен за привремен тркачки директор, стартер и делегат за безбедност. Уште неколку трки, Маси ја вршеше оваа функција на привремена основа, а потоа стана постојан тркачки директор на трките во Формула 1.
Не е сосема јасно, зошто ФИА мораше да излезе со соопштение за јавноста, токму кога има големи судири помеѓу Асоцијацијата на Ф1 возачи и новиот систем на ротација помеѓу двајца тркачки директори. Возачите бараат да се врати единствениот тркачки директор за да се врати конзистентноста во одлуките.
"ФИА потврдува дека Мајкл Маси одлучил да ја напушти ФИА и да се врати во Австралија за да биде поблиску до семејството и да се соочи со нови предизвици. Тој работеше три години како тркачки директор во Формула 1 и делегат за безбедност по ненадејната смрт на Чарли Вајтинг во 2019 година, извршувајќи многу функции на посветен и професионален начин. ФИА му благодари за неговата посветеност и му посакува се најдобро во понатамошните негови планови.", се вели во соопштението на ФИА.
ФИА го објави новиот систем за ротација на тркачки директори минатиот февруари, кога исто така објави дека Мајкл Маси ќе добие нова функција, без да прецизира какви ќе бидат неговите одговорности. Неговите одлуки за време на минатата сезона му донесоа бројни критики, особено последната за време на контроверзноата трка за ГН на Абу Даби, која што ја наведе ФИА да отвори истрага во која се заклучи дека Австралијанецот постапил со добра волја.
Tags
Share to other apps