Изјави од победниците и губитниците на квалификациите за Големата Награда на В.Британија.
ПОБЕДНИЦИ
Карлос Саинц Јр., П1: "Денес, јас сум исклучително среќен! Обезбедувањето на мојата прва Пол позиција во Силверстоун на влажен асфалт е нешто посебно што никогаш нема да го заборавам."
"Kвалификацииte беа многу незгодни, а секој круг беше нова авантура поради условите на патеката. Да се најде грип беше огромен предизвик и секој круг требаше да се прилагоди. Во последниот обид отидов на тоа и успеав да направам добар круг што ни ја овоможи пол позицијата."
"Самодовербата за утре е на високо ниво и се надевам дека ќе го имаме нашето добро тркачко темпо од петочниот тренинг. Ќе биде многу тесна битка со нашите конкуренти, но јас сум подготвен за тоа и сигурен сум дека можеме да имаме добра трка и да се бориме за победа."
Николас Латифи, П10: "Многу посебен ден во тешки услови. Да се помине во Q2 беше големо достигнување и убаво за зајакнување на самодовербата, а потоа Q3 беше повеќе отколку што можевме да се надеваме."
"Директно од гаражата, болидот се однесуваше добро и успеав да влезам во ритам. Тимот заврши одлична работа во Q1 и Q2 да ме стави на патеката во вистинското време. Излетувањето во Q3 беше фрустрирачко, но севкупно имавме задоволувачки ден."
"Мора да бидеме реални за утрешната трка, бидејќи не сме на позиција каде зад нас имаме побрзи болиди. Треба да имаме многу добра стратегија и ќе се фокусираме на нашата трка и ќе се обидеме да ги максимизираме сите можности што ќе ни се пружат."
Џоу Гуанју, П9: "Квалификациите беа предизвик, но би рекол дека не бев лош како за еден дебитант! Ова беше мое прво појавување на Силверстон, на влажен асфалт, условите беа многу поинакви од вчера, но денес беше добро, се чувствував како да напредувам и да се подобрувам круг по круг."
"Oсобено незгодно беше помеѓу Q2 и Q3, кога патеката стануваше се повлажна и имаше многу вода, но успеав да го одржам болидот и да го максимизирам сето она што го имав денес, па можам да кажам дека сум задоволен од завршената работа."
"Чувството е неверојатно да се забележат два последователни настапи во Q3, се чувствувам како да растам како Формула 1 возач и навистина сум среќен поради тоа. Со нетрпение го очекувам утрешниот ден, условите на патеката треба да бидат поразлични и мислам дека имаме можност да освоиме добри бодови, што е секогаш наша главна цел."
ГУБИТНИЦИ
Ленс Строл, П20: "На крајот од сесијата, пробавме нов сет на интермедија гуми, но имав ужасен загревачки круг со густ сообраќај и беше навистина тешко да се генерира доволно температура во тој момент."
"Со само еден брз круг на крајот од сесијата, моите гуми не беа доволно загреани за да можам да постигнам респектабилно време. Разочаран сум што стартувам на последниот ред од гридот, но се надевам дека времето ќе се подобри и ќе имаме поуспешна трка."
Алекс Албон, П16: "Условите беа во ред, и покрај дождот, со тоа што болидот се чувствуваше добро, но имаше помалку грип на вториот сет на гуми. Беше малку поинаку да се вози со новите надградби, но на денешниот тренинг се чувствував прилично удобно со болидот."
"На крајот на Q1 се одлучивме да направиме cooldown круг, но изгубивме премногу температура на гумите. Патеката почна да се суши, и сите почнаа да стануваат побрзи, но јас едноставно не можев да најдам доволно грип."
"Mислам дека не беше најдобра одлуката да имаме cooldown круг, но ќе видиме што можеме да направиме на утрешната трка. Имаме добар болид, па треба да анализираме како најдобро да го искористиме."
Даниел Рикиардо, П14: "Очигледно е дека сум разочаран од денешниот пласман. Мислам дека требаше да го возам мојот брз круг многу порано, бидејќи патеката беше најдобра на почетокот, а потоа се борев да стигнам до добар круг кога беше најважно."
"Мислам дека кога имав најсува патека, додека бев на сува линија се беше во ред, но кога поминав низ влажен дел го изгубив болидот и се извртев. Едноставно во најголем дел од квалификациите чувствував дека не направив брз круг кога условите беа најдобри и тоа е она што ме чинеше повеќе од било што друго денес."
"Значи, тоа е моја грешка. Тоа нè врати малку назад на гридот, така што утре ќе имаме многу работа, но тоа нема да ме поколеба да го дадам мојот максимум, за да имаме што подобра трка."
ПОБЕДНИЦИ И ГУБИТНИЦИ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ НА СИЛВЕРСТОУН
7/02/2022 08:40:00 PM
0
Share to other apps